Морничави нарушувања на спиењето

Морничави нарушувања на спиењето

И покрај тоа што спиењето изобилува со мистерии, сепак би требало да е период за мир и релаксирање. Поголемиот број од нас го „напуштаат“ будниот свет преку предвидливи циклуси на длабок сон, по кој доаѓа РЕМ-фазата исполнета со многу соништа. Но, кога границите на овие неколку фази ќе се изместат, сонот може да биде навистина застрашувачки. Всушност, некои нарушувања на спиењето повеќе изгледаат како сцена од некој хорор филм, отколку како нешто што би можело да му се случи на секој во неговата спална соба.

Морничави нарушувања на спиењето

Инсомнија – Неможност да се заспие или да се спие непрекинато. Тоа може да предизвика раздразливост и намалување на концентрацијата во текот на денот. Но, доколку ви се случува често може да стане многу опасно – инсомнијата меѓу другите лоши симптоми, најмногу се поврзува со прекумерната тежина, високиот притисок, срцевите удари и сообраќајните несреќи. И покрај тоа што таа секогаш се објаснува преку психолошки проблеми, може да биде и знак за некој посериозен физиолошки проблем.

Јадење за време на спиење – Можеби имате волја да одолеете на благите додека сте будни, но што се случува кога спиете? Оние кои го имаат ова нарушување јадат благи, си подготвуваат некој вид ручек или пак во некои случаи јадат сирова храна, како замрзнати продукти или чист путер. Ова нарушување ги збунува и најголемите научници, но сега за сега се знае само дека настанува во период на не-РЕМ спиењето.

Морничави нарушувања на спиењето

Сексомнија – И покрај тоа што е релативно ново нарушување на спиењето (за првпат било претставено во студија од 1996 година), сепак тоа е едно од посериозните. Таа се манифестира преку испуштање гласни (сексуални) извици, опасно самозадоволување проследено со повреди или пак во најлошите случаи преку секс (доброволен, напад или силување) во кој партнерот не знае дека личноста спие. Причините сè уште не се познати, но сексомнијата се поврзува со недостаток на сон, стрес, алкохол, дрога или пак во некои ретки ситуации и со случаен физички допир со партнерот во кревет за време на спиењето.

Нарушување на однесувањето за време на РЕМ-фазата – Понекогаш мозокот не му дава доволно сигнали на телото да остане мирно за време на РЕМ-фазата од спиењето и кога тоа ќе се случи луѓето почнуваат да ги прават движењата кои ги сонуваат. Во зависност од темата на нивниот сон тие можат да почнат да клоцаат, да удираат или пак да станат од нивниот кревет и да трчаат. Сè уште не се знае од каде потекнува грешката со сигналите од мозокот, но една од причините поради кои може да се појави ова нарушување е и појавата на Паркинсонова болест.

Морничави нарушувања на спиењето

Парализа за време на спиењето – Ви се случило ли некогаш да сте сигурни дека сте будни, но да не можете да се помрднете? За време на РЕМ-фазата нашето тело е целосно парализирано за да не почнеме да се однесуваме според нашите соништа. Но, понекогаш таа парализа поради грешка во сигналите од мозокот може да продолжи и откако ќе се разбудиме и скоро секогаш е проследена со халуцинации кои воопшто не се пријатни.

Синдромот на експлодирачка глава – Не секирајте се, овој синдром воопшто не значи детонирање на вашата глава. Станува збор за нарушување во кое личноста одеднаш се буди поради остра и гласна бука, која наликува на експлозија. Докторите не можат овој синдром да го поврзат со ниедна болест и сè уште не знаат ниту една причина поради која се појавува.

Морничави нарушувања на спиењето

Нарушување на кошмарите – Сите од нас доживеале барем еден кошмар во текот на животот. Но, кога тие ќе преминат од нешто кое повремено ве нервира, во нешто кое е целосно застрашувачко и е проследено со студена пот и „жива“ меморија на ужасните соништа, тоа значи дека вашето тело не може да го издржи моменталниот стрес и недостаток на сон низ кој поминувате.

Ноќни стравови – Ноќните стравови се одликуваат со викање, удирање и очајничко клоцање, кои за разлика од кошмарите се појавуваат за време на не-РЕМ фазата. Кога личноста доживува ноќен страв многу често брзо се исправува и со очите широко отворени почнува да вика. За време на ова доживување тие не можат да бидат разбудени од страна на друга личност, но по 10 до 15 минути сами од себе се враќаат во кревет и продолжуваат со спиење. Кога ќе се разбудат немаат никакво сеќавање за настанот. И во овој случај причината е мистерија, но честопати се поврзува со треска, нередовно спиење и стрес.

Морничави нарушувања на спиењето

Халуцинации за време на спиењето – Сите ние сме навикнати да гледаме чудни работи во нашите соништа, но што ако тие работи почнеме да ги гледаме и додека сме будни? Таканаречените хипнагогични халуцинации настануваат за време на транзитот помеѓу будноста и спиењето, како и во периодот за време на будењето. Луѓето кои ги искусиле велат дека слушаат гласови, чувствуваат допири на нивното тело или пак забележуваат чудни објекти во нивните соби. Доколку ви се случува понекогаш не е ништо страшно, но ако халуцинациите се проследени со дневна поспаност и губење на мускулната контрола кога сте возбудени или изненадени, ви препорачуваме веднаш да посетите доктор.

Месечарење – Околу 15% од возрасните повремено „лутаат“ низ нивниот дом додека спијат, додека кај децата бројот е малку поголем. Не се знае зошто месечарите одат за време на сонот, но како и останатите нарушување на спиењето најчесто се поврзува со стресот и нередовното спиење. Месечарите не одат со рацете исправени пред нив, како во филмовите. Повеќето од нив многу лесно се движат од соба во соба и понекогаш дури и си го поместуваат мебелот за да поминат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар