Ублажете ги симптомите на пролетните алергии со вкусно овошно смуди

Пијте го редовно и ослободете се од алергиите и сезонските настинки

Ублажете ги симптомите на пролетните алергии со вкусно овошно смуди

Потребни состојки:
  • 1 морков со средна големина
  • 2 големи портокали
  • 1/2 краставица
  • 5-10 листови нане
  • 20 грама свеж корен од ѓумбир
Начин на подготовка:

Измијте го и излупете го овошјето. Исечкајте го на парчиња и ставете го во блендер. Листовите нане додајте ги на крајот. Добро помешајте ги сите состојки. Консумирајте една чаша дневно и тоа наутро, пред појадок.

Зошто ова смуди е толку добро за вас?

Портокалите го прочистуваат организмот бидејќи се одличен извор на витамин Ц.

Морковите изобилуваат до бетакаротен и витамин Д и помагаат во зацврстувањето на коските и зглобовите.

Нането е одлично природно инхалаторно средство за респираторниот систем, кој најмногу страда кога доаѓа пролетта.

Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ги намалува главоболките што настануваат како резултат од честото кивање.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар