Еден од најубавите мостови што туристите обожаваат да го фотографираат

Мостот Плакидас се наоѓа во близина на селата Кипои и Кукули во областа Загори, во северна Грција. Тој е најфотографираниот и најпосетуваниот мост во оваа област, на кој има дури 160 од овие градби направени за да се преминат природните и вештачки препреки.

Еден од најубавите мостови што туристите обожаваат да го фотографираат

Тој е еден од ретките преостанати мостови во Грција кој поради специфичниот дизајн наликува на подвижна гасеница. Долг е приближно 55 метри и широк околу 3 метри. Овој мост бил направен од дрво во средината на 18 век и му служел на локалното население за полесен премин преку реката Воидоматис и транспорт на потребните намирници.

Игуменот Серафим од локалниот манастир одлучил да го надгради со локален камен во 1814 година, по што го добил името Калогерико, или мостот на манастирот. Денешното име е благодарение на инженерот Алексис Плакидас, кој го вратил во 1865 година. Многу туристи го посетуваат регионот Загори. Главната причина за ова е Националниот парк Викос-Аоос, каде што се наоѓа еден од најдлабоките кањони во светот – Кањон Викос. Долг е околу 20 километри, а неговата длабочина се движи од 450 до 1600 метри.

Еден од најубавите мостови што туристите обожаваат да го фотографираат

Еден од најубавите мостови што туристите обожаваат да го фотографираат

Еден од најубавите мостови што туристите обожаваат да го фотографираат

Еден од најубавите мостови што туристите обожаваат да го фотографираат

Прочитајте и за овој прекрасен кањон кој неодамна беше откриен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар