Неверојатната моќ на природата: Прекрасен кањон кој неодамна беше откриен

Неверојатната моќ на природата: Прекрасен кањон кој неодамна беше откриен

Што велите за едно авантуристичко патувањето до Исланд? Овој кањон во Исланд е место со чиста природа, создадено од толку силно дејство на реката што влева стравопочит и претпазливост, а неодамна го откри и остатокот од светот. Ќе го најдете во источниот дел на Исланд во долината Јакулдалур, наречен кањон Стуглагил.

Тој ја доби својата форма поради неверојатно силното дејство на реката Јокла во должина од 150 километри. До неодамна, таму живееле само неколку локални земјоделци и странските посетители не знаеле за местото. Поради својата јачина и нивото на водата, никој не го посетувал ова место долго време, бидејќи областа се сметала за премногу опасна.

Неверојатната моќ на природата: Прекрасен кањон кој неодамна беше откриен

Откако беше изградена блиската хидроцентрала во 2009 година, ситуацијата се променува: нивото на водата на реката опадна и нејзината сила веќе не претставува закана за луѓето. Некогаш насилната река што течела низ кањонот носејќи тони песок и кал, сега е мирна, тиркизна убавица што патува бавно.

Кањонот наскоро почна да привлекува се повеќе посетители со своите различни камени формации. Ако некогаш сте сонувале да ја посетите патеката на Ирскиот гигант, истото можете да го доживеете и тука – Кањонот Стуглагил е местото со најмногу базалтни столбови во целиот Исланд. Водопадот Стуглафос се издвојува со својата убавина, затоа не го прескокнувајте кога веќе сте се „повлекле“ на истокот од земјата.

При одење е потребно да се носат чевли за пешачење, бидејќи теренот може да биде лизгав и незгоден. Потребни се 2 до 3 часа за да го обиколите кањонот, а се препорачува да пристигнете за време на Аурора Бореалис. Иако би ги погледнале фотографиите и би заклучиле дека денес кањонот е преплавен со посетители, за среќа на природата – не е.

Пристапот до кањонот не е многу лесен, а на патот до него има малку знаци и ознаки. Исто така, тој е надвор од стандардните туристички рути, па многумина едноставно го прескокнуваат поради недостаток на време. Посетителите остро се предупредуваат да не оставаат ѓубре. Посебно внимание е потребно во текот на мај и јуни кога гуските наоѓаат место да ги положат своите јајца тука. Исланѓаните велат дека треба да дојдете во пролет или на крајот на летото кога реките добиваат помоќен изглед поради дождовите. Само бидете храбри и внимателни!

Неверојатната моќ на природата: Прекрасен кањон кој неодамна беше откриен

Неверојатната моќ на природата: Прекрасен кањон кој неодамна беше откриен

Неверојатната моќ на природата: Прекрасен кањон кој неодамна беше откриен
Прочитајте и за овој син рај што ги збунува научниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар