4 млади луѓе со аутизам кои никој не сакаше да ги вработи отворија бар во Атина

Група млади луѓе со аутизам развија нов успешен бизнис со продажба на кафе и закуски. 3S School Synergy Snacks е основан во Атина, Грција, со помош на родители, наставници и социјални активисти и обезбедува вработување за оние на кои им е тешко да најдат работа на друго место.

4 млади луѓе со аутизам кои никој не сакаше да ги вработи отворија бар во Атина

Гианис, Елени, Микалис и Ѓиорѓиос го сочинуваат тимот, а сите беа обучени во стручни училишта специјално дизајнирани за нивните потреби. Оваа обука им даде вештини и знаење како да работат успешен бизнис.

Мајката на еден од нив вели дека во Грција денес, и онака е тешко да се прави бизнис. Но, тоа е уште потешко за луѓето со дополнителни ограничувања и интелектуални тешкотии. Истото важи и за оние кои стојат покрај нив. Оние кои работат како нивен глас. Тие главно се вработени во деловни активности кои се пријателски настроени кон семејството. Само во последниве години се создадени некои организации кои вклучуваат ранливи социјални групи. Сепак, дури и тогаш, понудените работни места се непропорционални. Новите лица со попреченост не можат да најдат место за работа во поголемиот дел од времето. Иако законодавниот дом предвидел социјални кооперативни бизниси да ја олеснат интеграцијата на лицата со попреченост и зачувувањето на нивното право на работа, што е суштински елемент на човечкото достоинство, бирократијата и одговорноста сè уште се силни, што го прави нивниот живот понекогаш тежок.

Елени од тимот вели дека иако нејзиниот живот бил тежок, таа успеала да го постигне она што го сакала. Тешкотиите со коишто се соочуваат таа и целиот тим ги прават посилни и ги приближуваат кон остварување на нивните цели. Тие им се благодарни на сите оние кои ги поддржувале.

Прочитајте и за оваа 17-годишна девојка ги воодушеви сите со своето уметничко пливање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар