5-те најдобри онлајн-дочеци на Нова година што можете бесплатно да ги следите од вашиот дом

5-те најдобри онлајн-дочеци на Нова година што можете бесплатно да ги следите од вашиот дом

Оваа година не беше таква каква што се надевавме дека ќе биде, но тоа не значи дека не можеме да ја „избркаме“ со стил. Повеќето луѓе нема да ги напуштат своите домови за да ја дочекаат новата година, но постојат забавни и интересни начини на кои можете да ја поминеме новогодишната ноќ оваа мрачна 2020 година. Ако останете дома, ова се најдобрите виртуелни настани што можете да ги следите бесплатно.

5-те најдобри онлајн-дочеци на Нова година што можете бесплатно да ги следите од вашиот дом

Забавата на Defected – „We Dance As One“

Оваа новогодишна ноќ ќе можете да се забавувате со звуците на најдобрите хаус-изведувачи во светот. Ако го обожавате електронскиот звук и ако ви недостасуваат танцувањето и гужвата низ клубовите, најдете ги на нивната страница на Фејсбук и следете ја оваа забава бесплатно.

Жан Мишел Жар во живо од црквата Нотр Дам

Жан-Мишел Жар е едно од најголемите музички имиња на денешницата, а ќе можете да го следите овој француски композитор и изведувач во живо. Жар виртуелно ќе биде сместен во една од најневеројатните градби во светот – црквата Нотр Дам, додека својата музичка магија ќе ја изведува во студио во близина на црквата. Ова не треба да се пропушти!

Единбуршки Хогманеј

„Хогманеј“ – шкотски збор за новогодишната ноќ е традиција на која присуствуваат речиси 150 000 посетители секоја година, во текот на три дена. Прославата започнува со светкава поворка под факелите, а сето тоа започнува на 30 декември и продолжува до Нова година. Оваа година, оваа традиција ќе се изведува преку Интернет, користејќи дронови што ќе ја пренесат визуелната забава што ќе може да ја следи целиот свет целосно бесплатно.

Јутјуб забава со Дуа Липа

Јутјуб се потруди да им понуди шаренолика програма на луѓето кои остануваат дома. Покрај Дуа Липа, ќе можете да ги следите и настапите на многу други ѕвезди кои ќе ја разубават новогодишната ноќ преку музика или говор. Метју Меконахи, Деми Ловато, Ру Пол, Ема Чембрлен, Дуа Липа и Кејн Браун се само некои од нив.

Новогодишна ноќ на Тајмс Сквер

Иако оваа година сè е откажано, сепак ќе можете да ги гледате спуштањето на топката и славниот дочек на Новата година на Тајмс Сквер од вашите домови. Секој што сака да присуствува на овој прием ќе може виртуелно да прошета низ Тајмс Сквер.

Прочитајте кои теми најчесто предизвикуваат расправии во семејството за време на празниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар