6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

Дали некогаш сте посакале да бидете дел од некоја од новогодишните прослави низ светот, проследени со одлична забава, огномети и светлосни шоуа? Во продолжение ви ги споделуваме најубавите локации на светско ниво за дочек на новата година.

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

1. Париз

Париз е на првото место на нашата листа со новогодишни прослави не само поради магичната Ајфелова кула туку и Триумфалната капија на Елисејските полиња која го одзема здивот! Колкумина од вас посакале овде да ја дочекаат новата година со чаша вино во раце?

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

2. Лас Вегас

За време на новогодишната ноќ, центарот на Лас Вегас е исклучен за сообраќај што обезбедува голем простор за илјадниците посетители. Градот познат ширум светот како „градот на гревот“ навистина знае како да се забавува на најлудата ноќ. Спектакуларните огномети на полноќ ја доловуваат еуфоричната атмосфера, а забавата продолжува во безбројните казина и ноќни клубови.

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

3. Тајмс Сквер, Њујорк

Сигурно ви е познато како изгледа прославата на новогодишната ноќ во Њујорк: сцени од истата се дел од безброј филмови и реклами. Овде новогодишната прослава е сè што би помислиле дека може да биде: забавна, возбудлива, гласна и фантастична! Иако зимата во Њујорк знае да биде навистина ладна, сепак ладното време не го намалува чувството на еуфорија и возбуда за време на новогодишниот пречек бидејќи сте опкружени со илјадници луѓе чија позитивна енергија се шири насекаде околу вас.

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

4. Сиднеј

Со причина новогодишниот пречек во Сиднеј е еден од најспектакуларните ширум светот. Секоја година се организира шоу со фантастичен огномет и светлосни инсталации околу сиднејското пристаниште, сиднејскиот заливски мост и сиднејската опера. Иако за нас новогодишната ноќ претставува студена зима, топли џемпери, топло чоколадо и шампањ, овде можете да ја дочекате облечени во летна облека! Сигурно ќе биде поинакво искуство за оние од нас навикнати да го славиме почетокот на новата година со замрзнати прсти.

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

5. Лондон

Лондон е една од најпримамливите европски метрополи кога станува збор за новогодишниот дочек. Во целата еуфорија невозможно е да се пропуштат шарените огномети над Биг Бен, а претпоставуваме дека чувството да се биде овде станува уште помагично кога камбаната ќе заѕвони на полноќ!

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

6. Рио де Жанеиро

Рио де Жанеиро е град кој плени со својот шарм и енергија, не само на новогодишната ноќ туку и преку целата година. Сепак, сигурни сме дека новогодишниот дочек во бразилскиот град би бил посебно и незаборавно искуство. Слично како во Австралија, и овде времето во овој период од годината е топло, идеално да облечете кратка облека и да се забавувате. За време на новогодишната прослава, придружете им се на илјадниците домашни и странски посетители на плажите Копакабана, Ипанема и Леблон, уживајте во огнометот и танцувајте, следејќи го ритамот на музиката!

6 спектакуларни локации низ цел свет каде сигурно би сакале да ја дочекате новата година

Откако ја прочитавте нашата листа со најспектакуларните локации за дочек на новогодишната ноќ, ви препорачуваме да прочитате и кои се 5-те најдобри онлајн-дочеци на Нова година што можете бесплатно да ги следите од вашиот дом.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар