Тест: Изберете карта за да откриете што ќе ви донесе новата година!

Тест: Изберете карта за да откриете што ќе ви донесе новата година!

Кој од нас не сака да знае каква судбина го чека? Кој од нас не сака да знае што ќе се случи во блиска иднина и дали тоа може да се избегне или да се искористи во сопствена корист? Изберете ја тарот картата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте го вашето предвидување за новата година.

Тест: Изберете карта за да откриете што ќе ви донесе новата година!

  • Карта бр. 1

    Ако ја избравте оваа картичка, тоа значи дека ќе барате духовни одговори, но држете се настрана од догмите и тврдокорните религиозни верувања кои негираат други духовни патишта, книги, учители… Треба да најдете начин за да се поврзете со себе. Доколку сакате да го пронајдете вашиот пат неопходно е да ја слушате интуицијата. Од друга страна, важно е и вашите постапки да бидат во рамнотежа со желбите на вашето срце и да бидете љубезни не само кон другите, туку и кон себе. Ви претстои период на трансформација на вашата душа и вашиот живот.

  • Карта бр. 2

    Оваа картичка на Сонцето ги симболизира среќата, светлината и оптимизмот. Сè што сакате ќе влезе во вашиот живот и ќе ве исполни со љубов и позитивни работи. Тоа е картичка која носи толку многу добри работи во вашиот живот, но бара од вас да бидете дарежливи и да им помагате на другите за да ги умножите тие благослови.

  • Карта бр. 3

    Ова е картичката на новите почетоци. Таа најавува затворање на старото поглавје и повторно раѓање. Дојде време кога ќе можете да оставите зад себе сето што не ви го исполнува срцето. Време за растење и созревање. Ќе се ослободите од сè што е старо и што повеќе не ви служи и ќе имате можност да започнете нов живот полн со нови големи нешта кои ќе ви донесат радост и среќа.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите друг за да ја добиете вашата порака за оваа зима.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар