Тест: Изберете кристално стапче и добијте ја вашата порака за оваа зима!

Тест: Изберете кристално стапче и добијте ја вашата порака за оваа зима!

Изберете едно од овие кристални стапчиња за да ја дознаете вашата порака за оваа зима.

Тест: Изберете кристално стапче и добијте ја вашата порака за оваа зима!

  • Кристално стапче бр. 1

    Никогаш не заборавајте дека нема ништо апсолутно, дека сè се менува, сè се движи и развива. Без оглед на сите тешкотии на кои ќе наидете, запомнете дека сè што ви се случува има свое времетраење и дека сè има свој почеток и крај. Доволно е да бидете трпеливи и да продолжите да работите на вашите цели и соништа.

  • Кристално стапче бр. 2

    Сите големи достигнувања започнале со еден сон, со една идеја. Затоа, направете го првиот чекор кој ќе ве донесе поблиску до остварувањето на вашиот сон. Не е важно доколку сè уште не можете да ја видите целата слика, доволно е да го направите тој прв чекор. Секој ден прашувајте се дали сте направиле нешто за вашиот сон. Дали приоритетите кои веќе сте си ги поставиле се усогласени со вашиот сон? Не заборавајте дека е неопходно секој ден да издвојувате време и да работите на вашата желба.

  • Кристално стапче бр. 3

    Неопходно е да ги отстраните сите негативни мисли или чувства кои повеќе не ви носат мир, радост или љубов во вашиот живот. Веројатно ќе наидете на пречки и сомнежи на патот до среќата, но ако дејствувате смирено ќе можете полесно да се справите со сите предизвици.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува во 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар