Кои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено?

Кои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено?

Секој од нас во одреден момент од животот доживува подеми и падови кои се едноставно неизбежни. Не постои ниту еден човек кој барем еднаш не почувствувал страв, тага, депресија, разочарување и обесхрабрување. Но, како полесно да се изборите со овие негативни чувства кои можат да бидат сосема нормална реакција по секој неуспех? Еве ги работите кои треба да ги запаметите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено.

Кои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено?

1. Запомнете да ги предвидите позитивните промени.

Честопати кога наидувате на пораз се чувствувате како да е крај на светот и како ништо да не може да ви помогне да го надминете нередот во кој сте се нашле. Сосема е нормално да се чувствувате на овој начин. Продолжувате да се фокусирате на негативните работи без да размислите дека воопшто не било лесно да ги постигнете сите досегашни успеси. Во овој случај сè што треба да направите е го смените вашиот начин на размислување и да верувате дека нештата кога-тогаш ќе се подобрат.

2. Запомнете да живеете во сегашноста.

Кога сте тажни и разочарани, ја губите контрола над вашиот живот. Клучот е да се фокусирате на сегашноста. Наместо да продолжите да се фокусирате на негативните настани од минатото кои можат да ви ја намалат самодовербата, почнете да размислувате на кој начин можете да ги решите можните конфликти и проблеми.

3. Запомнете да бидете благодарни.

Со текот на годините сите ние стекнуваме знаење за себе и за светот околу нас. Кога ќе наидете на одредени тешкотии во животот, нормално е да почнете да размислувате дека не заслужувате среќа или дека едноставно вашата судбина е да страдате и дека тоа не може да се промени. Сите овие верувања не само што можат да ви ја намалат самодовербата туку и да ви наметнат одредени ограничувања. Размислете понекогаш за позитивните искуства во вашиот живот и зошто не можете да бидете среќни за она што го имате.

4. Запомнете дека животот е неизвесен.

Повеќето од нас го забораваат фактот дека животот е она што се случува овде и сега. Освен, тоа тој е краток и непредвидлив па затоа не вреди да потрошите ниту една секунда размислувајќи за негативните искуства. Запомнете дека секој ден имате можност за позитивен почеток.

Откако прочитавте како полесно да се изборите со негативните чувства на неуспехот, можеби ќе сакате да прочитате и 10 здрави начини да се изборите против неуспехот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар