10 популарни митови за медицината за кои експертите велат дека се лага

Поголема група медицински експерти од Универзитетите во Орегон, Мериленд и Чикаго биле заинтересирани за тоа колку навистина се оправдани и ефективни медицинските рутини во денешното здравство. Некои од нив влегуваат во медицинската практика и упорно се одржуваат, иако е докажано дека тие се најверојатно митови. Во продолжение прочитајте кои се најпопуларните митови за медицината.

10 популарни митови за медицината за кои експертите велат дека се лага

1. Кикирики

Педијатрите веќе долго време ги предупредуваат родителите да ги чуваат кикириките понастрана од своите мали деца во првите три години од животот бидејќи се сметаше дека така ги намалуваат шансите децата да развијат алергија на мешунки. Но, сега се појавија истражувања кои сугерираат дека изложувањето на кикирики на децата под една година не ја зголемува застапеноста на алергии на кикирики.

2. Рибино масло

Истражувањата покажаа дека луѓето чија исхрана е богата со рибино масло имаат помала веројатност да имаат срцеви заболувања. Оттаму, се разви обичајот за додавање на омега-3 масни киселини во исхраната, сè со цел да се намали нивото на триглицериди, кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Покрај тоа, омега-3 го намалува ризикот од воспалителни процеси.

Но, тогаш излезе истражување направено на над 12 500 луѓе со срцеви заболувања третирани со омега-3 масни киселини и немало резултати. Тоа значи дека омега-3 масните киселини нема да ве заштитат од срцеви заболувања. Од друга страна, тоа значи дека мрснотиите од рибите се корисни само ако истовремено ги елиминирате мрснотиите од животинско потекло.

3. Врската помеѓу играњето на тинејџерките со кукли и предвремената бременост

Постоеше теорија дека девојчињата кои играат со кукли за бебиња ќе бидат повеќе свесни за тоа колку е потребна грижа околу вистинското бебе, па затоа ќе бидат повнимателни. Но, се покажа дека таквите девојки се дури и за нијанса повеќе изложени на ризик од предвремена бременост од другите. Причината за тоа очигледно лежи во некои околности што не биле опфатени со истражувањето.

4. Орални опиоиди против аспирин и ибупрофен против болки

Опиоидите се моќни лекови против болки. Но, клиничките студии покажаа дека лековите против болки кои не носат ризик од предозирање, честопати не се многу ефикасни. Ова, исто така, се применуваше во практика во последниве години и е во согласност со принципот дека терапијата се применува на најниско можно ниво на интензитет, но сепак е ефективна. Тогаш, кога послабиот лек против болки не функционира, изборот е јасен, се пробува со посилниот.

5. Тестостерон и зачувување на меморијата

Сè започна кога некој одамна од светот на медицината воспостави врска помеѓу средовечните мажи кои имаат ниско ниво на тестостерон и ненадејното губење на меморијата. Тезата беше дека тестостеронот придонесува за зачувување на нервните врски во некои делови на мозокот. Поради ова, некои започнаа да препишуваат третмани со тестостерон. Сепак, клиничките студии покажаа дека замената на тестостерон не помага ништо повеќе од плацебо апчињата од шеќер. Совпаѓањето на ниското ниво на тестостерон и губењето на меморијата е можно како резултат на процесот на стареење што ги предизвикува и двата феномени, но тие не се меѓусебно поврзани.

6. Лабораториско чистење поради астма

Изложеноста на прашина може да биде предизвикувач на алергиска реакција, а потоа и на напад на астма. Иако е навистина поубаво и поздраво да се живее во темелно исчистен дом, интензивното чистење на домот до ниво на лабораториска чистота доведува до промена на застапеноста на астмата кај децата.

7. Броење чекори и побрзо слабеење

Се сметаше дека луѓето кои вежбаат со одење или трчање, мерејќи го бројот на чекори што ги прават, ќе бидат повеќе свесни за активноста и побрзо ќе се ослободат од вишокот килограми. Но, докажано е дека оние кои користат мерач на чекори слабеат дури и побавно од оние кои помалку опсесивно се занимаваат со спортски активности.

8. Повреда на менискусот и операција

Причина за одлучување за правење операција е стравот дека одложувањето на операцијата ќе доведе до уште полоша повреда и уште полоша и подолготрајна болка. Истражувањето за односот помеѓу физикалната терапија и хирургијата покажа дека, сепак, ако вашиот менискус е оштетен од артритис, закрепнувањето по шест месеци е приближно исто успешно. Хируршката интервенција може да го забрза закрепнувањето, но е поинвазивна, додека физикалната терапија е помалку инвазивна, но трае подолго.

9. Пукање на воденикот кај бремени жени и породување во итни случаи

Има логика во тоа дека во случај на пукање на воденикот и истекување на амнионската течност, бремената жена треба веднаш да се однесе на пораѓај, со цел да се избегне навлегување бактерии во инаку стерилната средина на фетусот. Ова истражување е многу чувствително, но покажа дека е подобро лекарите во вакви случаи да продолжат да ја следат бремената жена и да чекаат до почетокот на природните болки, па дури потоа да почнат со породување. Истражувањето открива дека ваквите деца подоцна имаат подобро здравје.

10. Гинко и заштита од губење на меморијата и од деменција

Во Кина, уште од античко време, луѓето забележале дека подобро функционираат психички ако јадат лисја од гинко. Од тоа се развила индустријата за додатоци во исхраната базирана на гинко за да се спречи влошување на менталната состојба кај старите лица. Но, едно истражување спроведено во САД во 2008 година покажа дека гинкото не спречува губење на меморијата и не ја спречува или забавува деменцијата. Сепак, гинкото е ефикасно затоа што помага во остварувањето на постоечкиот потенцијал.

Прочитајте кои сонови укажуваат на некои здравствени проблеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар