Празнична филмска листа

Празнична филмска листа

За време на новогодишните и божиќните празници, голем дел од времето го поминуваме седејќи дома со блиските и уживајќи во топлата атмосфера, најчесто стуткани на каучот пред телевизорот. За таа цел, тимот на Кафе пауза ви подготви листа на филмови кои ги доживеаја своите премиери во текот на 2011 и кои овие денови ќе ви ги исполнат со неверојатни приказни, смешни ситуации и потресни моменти.Празнична филмска листа

1. Нашиот брат идиот (Our Idiot Brother)

Празнична филмска листаЖанр: драма, комедија
Јазик: англиски
Премиера: 26 август 2011
Главни улоги: Пол Рад, Елизабет Бенкс, Зои Дешанел, Емили Мортимер
Времетраење: 90 минути
Кратка содржина: Нед е непоправлив оптимист со позитивен пристап кон сè во животот. Сака да биде добар со сите, па непомислувајќи дека некој воопшто може да го намести, завршува во затвор заради продажба на марихуана на полицаец. Излегува од затвор обидувајќи се да си го врати животот, додека истовремено прави хаос од животите на неговите 3 сестри.


.

2. Кој е твојот број (What’s Your Number)

Празнична филмска листаЖанр: комедија, романса
Јазик: англиски
Премиера: 30 септември 2011
Главни улоги: Ана Фарис, Крис Еванс
Времетраење: 106 минути
Кратка содржина: Али е девојка која има спиено со многу мажи во животот, но ниеден не останал доволно долго за да стане нејзин потенцијален сопруг. Во едно списание случајно ќе прочита дека просечно жените спијат со по 10,5 мажи во текот на својот живот и сфаќа дека одамна ја поминала таа граница. Случајно сретнува едно поранешно момче кое се има трансформирано во прекрасен згоден маж. За жал, тој е на пат да ѝ го подари срцето на друга девојка – неговата вереница.

Така таа одлучува да апстинира од влегување во нови врски и да провери што се случува со сите нејзини поранешни момчиња. Во тоа ѝ помага нејзиниот сосед Колин, кој пак и самиот завршува со различна девојка во кревет секоја вечер.


.

3. (Новогодишна ноќ) New Year’s Eve

Празнична филмска листаЖанр: комедија, романса
Јазик: англиски
Премиера: 9 декември 2011
Главни улоги: Сара Џесика Паркер, Хилари Свонк, Џесика Бил, Ештон Кучер, Мишел Фајфер, Роберт де Ниро, Хали Бери
Времетраење: 118 минути
Кратка содржина: Приказната на филмот ја градат многу ликови и нивните врски кои се испреплетуваат, а дејството се одвива во Њујорк, за дочекот на новата година. Филмот доби доста негативни критики, но приказната е новогодишна, играат многу познати глумци и е многу нов, па затоа и се најде на оваа листа.


.

4. Настанокот на планетата на мајмуните (Rise of the Planet of the Apes)

Празнична филмска листаЖанр: драма, акција, научна фантастика
Јазик: англиски
Премиера: 5 август 2011
Главни улоги: Џејмс Франко, Фрида Пинто, Џон Литгоу
Времетраење: 105 минути
Кратка содржина: Вил Родман се обидува да пронајде лек за својот татко кој боледува од Алцхајмерова болест. Тестирањата ги изведува на мајмуни, при што еден од нив се здобива со неверојатно интелигентни својства кои ќе му помогнат во ослободувањето на целиот негов вид и менување на планетата засекогаш.


.

5. Полноќ во Париз (Midnight in Paris)

Празнична филмска листаЖанр: комедија, фантазија, романса
Јазик: англиски, француски, шпански
Премиера: 10 јуни 2011
Главни улоги: Овен Нилсон, Рејчел Мекадамс, Кети Бејтс
Времетраење: 94 минути
Кратка содржина: Гил и Инес одат на краток одмор во Париз, како придружба на родителите на Инес, кои се таму на службено патување. Гил се заљубува во градот и додека неговата вереница ги поминува вечерите со нејзините пријатели кои таму ги среќаваат, тој секоја вечер на полноќ го открива Париз во најинспиративниот период, во 1920 година. Овие полноќни прошетки го доближуваат до неговата страст кон пишувањето и до некои ликови од минатото на кои целосно им се воодушевува, но истовремено се оддалечува од неговата вереница Инес.


.

6. The Lincoln Lawyer (Адвокатот со Линколн)

Празнична филмска листаЖанр: криминалистика, драма, тирлер
Јазик: англиски
Премиера: 18 март 2011
Главни улоги: Метју Меконахи, Мариса Томеи, Рајан Филип
Времетраење: 118 минути
Кратка содржина: Мик е адвокат-бранител кој е препознатлив по неговиот автомобил Линколн. Тој е повикан да го застапува случајот на Луис, кој доаѓа од богата фамилија, а е обвинет за убиство на проститутка. Мик сака да ја знае вистината, а Луис тврди дека ја кажува. Но, копајќи по стари докази, Мик наоѓа нешто што овој случај го поврзува со поранешен случај против Луис. Тоа го усложнува целиот процес и повлекува нови криминални дејства.


.

7. The Tree of Life (Дрвото на животот)

Празнична филмска листаЖанр: драма
Јазик: англиски
Премиера: 17 мај 2011
Главни улоги: Бред Пит, Шон Пен, Џесика Честејн
Времетраење: 139 минути
Кратка содржина: Приказната се развива околу животот на едно семејство во 1950 година, кое се соочува со голема трагедија, загуба на еден член. Дејството го следи животот на најстариот син на семејството О’Брајан, Џек, од неговите невини, безгрижни години, па сè до неговото постење како возрасен, разочаран човек. Тој бара одговори за неговото потекло и за значењето на животот, додека истовремено ја преиспитува судбината.

Филмот изобилува со апстрактни сцени, надреални експериментални елементи, нелинеарно дејство и карактеристичен спој на визуелното и аудитивното. Низ ваквиот спој со приказната, гледаме како бруталната природа и духовната милост ги обликуваат нашите животи, животите на нашите семејства, но и животот генерално.


.

8. 50/50

Празнична филмска листаЖанр: комедија, драма
Јазик: англиски
Премиера: 30 септември 2011
Главни улоги: Џозеф Гордон-Левит, Сет Роген, Ана Кендрик
Времетраење: 100 минути
Кратка содржина: Адам е 27-годишно момче кое има одличен живот, работи во радиостаница, има девојка и пријател кој му го прави секојдневието интересно. Открива дека боледува од редок тип рак на ‘рбетот, но додека се бори со болеста, заедно со неговата мајка, неговиот најдобар пријател и една млада терапевтка, сфаќа кои се всушност најважните нешта во животот.


.

9. Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo)

Празнична филмска листаЖанр: криминалистика, драма, мистерија
Јазик: англиски
Премиера: 20 декември 2011
Главни улоги: Даниел Крејг, Руни Мара, Кристофер Пламер
Времетраење: 158 минути
Кратка содржина: Блумквист е новинар кој неславно си го нарушува својот имиџ откако ја губи правната битка за изречена клевета против еден милијардер. Набрзо потоа е повикан од страна на Хенрик Вангер, кој е пензиониран директор на корпорацијата Вангер за да го истражува исчезнувањето на неговата внука од пред 40 години. Во тоа му помага испирсаната, тетовирана хакерка Лизбет Саландер. Работејќи заедно тие откриваат ужасна семејна тајна.


.

10. (Развод) Jodaeiye Nader az Simin

Празнична филмска листаЖанр: драма
Јазик:
персиски
Премиера: 16 март 2011
Главни улоги: Пејман Маади, Лејла Хатами, Сарех Бајат
Времетраење: 123 минути
Кратка содржина: Брачна двојка живее во Иран, но ги разгледува можностите за селење со цел да ѝ овозможи подобри услови на својата ќерка. Симин сака да живее на друго место, додека нејзиниот сопруг смета дека треба да остане за да се грижи за неговиот болен татко кој пати од Алцхајмерова болест. Ова ќе доведе до нивно разделување.

Во продолжение, листата ја дополнуваме со филмови од 2011 година, за кои веќе сме пишувале:

11. Лоша учителка (Bad Teacher) – комедија
12. Зараза (Contagion) – трилер, драма
13. Меланхолија (Melancholia) – драма
14. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.) – романтична комедија, драма
15. Возење (Drive) – акција, драма, трилер
16. Само продолжи со тоа (Just go with it) – романтична комедија
17. Изворен код (Source Code) – научна фантастика, трилер
18. Ужасни шефови (Horrible Bosses) – комедија
19. Живот во еден ден (Life in a Day) – документарец
20. Послуга (The Help) – драма
21. Непознат (Unknown) – трилер, мистерија
22. Срам (Shame) – драма
23. Хана (Hanna) – акција, мистерија
24. Ранго (Rango) – анимација, комедија, авантура
25. Деверуши (Bridesmaids) – комедија
26. Пуштени од ланец (Hall Pass) – комедија

И ако сето ова не ви е доволно, погледнете ја и листата на романтични филмови.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. kika Reply

    Nekoj od ovie gledav na http://www.movie.mk/ dobri se

Напиши одговор на kika Откажи одговор