Само продолжи со тоа (Just go with it)

Филм за лагите и за тоа кога е вистинско време да престанеш со нив и да ја кажеш вистината… како едно „Пинокио“ патешествие може да ти разјасни некои работи и да ти донесе позитивна животна промена

Само продолжи со тоа (Just go with it) Режија: Денис Дуган

Улоги: Адам Сендлер, Џенифер Анистон, Никол Кидман

Времетраење: 117 минути

Јазик: англиски

Премиера: 11 февруари 2011

Жанр: романтична комедија

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: : 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (56 гласа, просек: 9.39 од 10)

Loading...Loading...

———————————————————————————————————————————————————————–
Американските романтични комедии се прават по рецепт. Не треба да си филозоф или огромен креативец за да измешаш малку хумор со малку непризнаени и негирани љубовни чувства и на сето тоа да му додадеш среќен крај. Уште подобро ако се појавуваат популарни глумци како во случајот, Адам Сендлер, Џенифер Анистон и Никол Кидман – тогаш имаш сигурен хит на кино благајните. Овие филмови не се паметат засекогаш, не влегуваат во 100-те најдобри, но си ја играат својата јасна улога во кинематографскиот свет, односно нè забавуваат и притоа ни ги собираат парите. Сепак, во купот американски комедии се издвојува по некоја со подобар хумор и симпатична приказна. Таков тип е филмчето „Само продолжи со тоа”.
———————————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Дени (Адам Сендлер) е пластичен хирург кој откако останува повреден од девојката со која требал да се земе, љубовниот живот му се состои од низа „едновечерни средби“ со убави жени. И тој е сосема среќен со тоа, сé додека не сретне девојка за која решава дека треба да се потруди и со која најверојатно сака да остане. Сепак, уште на стартот, една непромислена лага го втурнува сé  подлабоко и подлабоко во лажната приказна во која ги вклучува и неговата асистентка Кетрин (Џенифер Анистон) и нејзините две деца. Да, дејствието е клише, но сепак има забавни хумористични сцени, не само со Сендлер туку и со одличниот комичар Ник Свардон кој го глуми Еди, помалку чудниот и баксузен во љубовта братучед на Дени. Само продолжи со тоа (Just go with it)Кога станува збор за хуморот на Адам Сендлер изгледа дека нема средина – или го сакаш или го мразиш. Сепак, во овој филм дури и тој се појавува во малку посмирена варијанта, со шеги прифатливи за поголем број луѓе. Нема да наоѓате хумор како на пример во „Зохан“. Тука сè е посмирено и нежно со оглед дека станува збор за романтична комедија.

Џенифер Анистон, пак, изгледа дека е родена за ваквите улоги, и не само тоа, туку и таа е свесна дека најмногу ја бива за тоа па не се ни обидува нешто претерано во другите жанрови. Така што нема утка за Анистон, таа е стара коска во ваков тип филмови.

Изненадувачки е што тука ја наоѓаме Никол Кидман која ја игра вечната непријателка на Кетрин, Девелин. По нејзиниот последен проект, драмата „Зајачка дупка“ во кој маестрално портретира жена која го загубила детето, на големото платно се појавува со овој, за неа, претерано лесен проект. Дали станува збор за едноставно полнење на буџетот што најверојатно не ù е ни потребно или пак за лесно оддржување на актерската кондиција, не се знае. Сепак, Кидман, и тука професионално си ја завршува работата. Само продолжи со тоа (Just go with it)Музика: Музиката е како што ù доликува на една нова романтична комедија, од Umbrella на Rihanna до Chasing Cars на Snow Patrol или Beggin’ на Madcon. Сепак влегуваат и постари, но популарни песни и тоа најчесто од The Police. Така саундракот е брз и преполн со препознатливи нумери кои најчесто не ви дозволуваат да не потцупнете со ногата. Половина од дејствието во филмот се одвива на Хаваи, па ваквиот тип хитовска музика комплетно си се поклопува со амбиентот. Само продолжи со тоа (Just go with it) Кога и како да го гледате: во кое било време од денот и во која било комбинација. Нормално дека главен предуслов е да сте љубител на романтични комедии затоа што „Само продолжи со тоа“ е токму тоа. Сепак, со оглед дека момците (стереотипно гледано) не се секогаш на страната на овој филмски жанр, можеби е подобро да го прескокнат, а девојките да го погледнат во друштво со своите другарки.Само продолжи со тоа (Just go with it) ———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. lela Reply

    filmot e prekrasen mozam 100 pati da go gledam

Остави коментар