Лоша учителка (Bad Teacher)

Лоша учителка (Bad Teacher)

Лесна комедија за препознавањето на вистинските нешта кои ни биле пред нос целото време, но сме ги игнорирале… и многу повеќе за „спонзорушите“, за трулото американско школство, за манипулациите

РежиЛоша учителка (Bad teacher)ја: Џејк Касдан

Улоги: Камерон Дијаз, Џастин Тимберлејк, Џејсон Сегел, Луси Панч

Времетраење: 92 минути

Јазик: англиски

Премиера: 17 јуни 2011

Жанр: комедија

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (78 гласа, просек: 8,71 од 10)
Loading...


Да го немав гледано документарецот „Чекајќи го Супермен“ за трулоста на американскиот образовен систем, новата комедија „Лоша учителка“ ќе беше за нијанса посмешна. Учителите кои преспиваат на работното место, кои пушат марихуана во училишниот двор и на кои им е гајле за децата можеби е (малку) претерана слика, но сепак и не толку далеку од тоа какви се навистина работите. Сепак, комедијата мора да се признае, има смешни секвенци особено во сцените со Џејсон Сегел (популарен по серијата „Како ја запознав мајка ви?“) чиј хумор е интелигентен и циничен. Од друга страна, забавно е да се види Камерон Дијаз во улога, поинаква од нејзините досегашни ангелски, совршени и шеќерни ликови.


Приказна: Елизабет (Камерон Дијаз) е учителка која е посветена на тоа да најде богат маж кој ќе ја издржува цел живот. Таа е површна, злобна и тотално егоцентрична. Но, сега за сега, нејзините планови не се реализираат, а според Елизабет, единствена причина за тоа е фактот дека нема големи гради. Следна мисија: да се соберат пари за да стави силикони. Додека измислува секакви варијанти за да дојде до долар повеќе, таа мора да се соочува со нејзината најголема непријателка која воедно е и учителка во истото училиште, Ејми (Луси Панч). Во меѓувреме почнува да го „лови“ новиот учител Скот (Џастин Тимберлејк) кој е згоден и има огромно семејно богатство, но е апсолутно здодевен. Истовремено, Елизабет се обидува да го игнорира човекот кој всушност е вистинскиот избор за неа, учителот по физичко Расел (Џејсон Сегел).Лоша учителка (Bad Teacher) Интересно е тоа што вообичаените американски комедии се обидуваат да имаат некаков образовен момент, ѓаволот да се престори во ангел, лажгото во искрен човек… Но тука, тој едукативен момент е толку слаб, речиси незабележлив што е вистинско освежување. Гледаме приказна заради приказна, а не за да извлечеме некоја мудрост и поука. Така, Елизабет на крај го одбира вистинскиот маж за неа, но останува повеќе или помалку истиот гад од човек, така што не е ни важно. Нејзе не можете да ја сакате затоа што е како ураганот Ајрин за детското образование, но на моменти добро ќе се забавувате со неа.Лоша учителка (Bad Teacher) Глума: Комплетниот каст од Камерон, Џејсон до Луси е со голем „бекграунд“ во комични улоги, така што за нивната реализација нема сомнежи. Единствено отскокнува Тимберлејк на кој во неколку сцени му се читаа неискуството, незнаењето и да кажеме немањето талент. Добро, не е Мадона. Но сепак, можеби најпаметно е да се држи до работите кои најмногу му лежат.Лоша учителка (Bad Teacher)Кога и како да го гледате: Со оглед на тоа дека моментално игра во кино, може да го погледнете таму. Но искрено, нема нешто претерано да добиете со големото платно, па слободно може да си го пуштите и дома.Лоша учителка (Bad Teacher)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. DanChooo Reply

    многу глупооо поглупо здравјее!!!!

Остави коментар