Ужасни шефови (Horrible Bosses)

Филм за мобингот, за малтретирањето на работното место и за професионалните психопати со чии лик и дело речиси сите сме се запознале, но сме морале да премолчиме

Ужасни шефови (Horrible Bosses)Режија: Сет Гордон

Играат: Џејсон Бејтман, Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џенифер Анистон, Кевин Спејси, Колин Фарел, Џејми Фокс

Времетраење: 98 минути

Јазик: англиски

Премиера: 8 јули 2011

Жанр: комедија

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 8.88 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————————————
Анистон е зависничка од секс“, „Кој сака да го убие Кевин Спејси?“, „Анистон конечно во долна облека“… Со месеци пред воопшто филмот „Ужасни шефови“ да се појави во кино салите, холивудската маркетинг локомотива почна да ги врти тркалата, па „од Вардара до Триглава“ весниците се полнеа со вакви наслови за нешто што требаше да биде хит комедија. Ѕвезден кастинг одбран очигледно тактички и со длабока финансиска предумисла.

Така, филмскиот ветеран Спејси ги носи филмаџиите во салите, згодните момци (и сосема добри актери) како Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џејсон Бејтман и Колин Фарел ги носат девојките, а најверојатно ПР одделот забрзано работеше на тоа Џенифер да ја направи следната секс бомба, па и момците да го купат толку скапоценото кино билетче.

Но, ако ги земеме предвид очекувањата, набилданата филмска тензија која требаше да кулминира во тек на (тие час и половина) „Ужасни шефови“, финалето за жал е благото чувство дека и не сте гледале нешто посебно. Комедијата која почна со висок старт, ќе заврши помеѓу многуте медиокритетни филмски остварувања.
————————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Ник (Џејсон Бејтман), Курт (Џејсон Судеикис) и Дејл (Чарли Деј) се тројца најдобри пријатели кои најголемиот дел од денот го минуваат во канцеларија, а она малку слободно време што го имаат пак, го користат да се жалат за своите психотични шефови. Ник е вработен кај вистинскиот робовладетел, Дејв (Кевин Спејси) кој од него очекува да биде на своето место од изгревање до заоѓање на Сонцето и притоа ако задоцни само една минута добива лекција.

Курт е сметководител во фирма која ја води Боби (Колин Фарел), човек кој смета дека не треба да вработува дебели луѓе и кој… да не откривам сè, но накратко е вистинска карикатура од личност. Додека Дејл ù е помошник на забарката Џулија која сексуално го злоставува (најверојатно за едно машко и не изгледа толку страшно да е малтретиран од Џенифер Анистон, но во „Ужасни шефови“ е извор на проблеми).

Тројцата другари стигнуваат до одредена точка на вриење во својата професионална приказна и решаваат да ги убијат своите шефови. Наместо платен убиец налетуваат на свој консултант, Деан М.Е. Џонс (треба да го гледате филмот за да ви станат јасни иницијалите М.Е.) кој ги советува како да ги ликвидираат своите жртви. Советникот го игра уште една ѕвезда, Џејми Фокс и сцените со него, иако не се многу, се најхумористични во целиот филм. Ужасни шефови (Horrible bosses)Тројцата комичари, Бејтман, Судеикис и Деј, иако се релативно нови за нас, моментално се вистински хит за американската публика. Со нив минуваме низ пропаднатите и невообичаени обиди прво да најдат платен убиец, а потоа да ги ликвидираат шефовите. Нивниот хумор е резервиран и дозиран. Тие не се „Ејс Вентура личности“, туку обични луѓе како секој од нас, кои тргнуваат да ги решаваат своите проблеми на малку невообичаен начин. Сепак, тој момент на „реален човек во нереална ситуација“  во повеќето денешни комедии како да не ни нуди смеење до солзи како порано, ниту пак реплики кои ќе ги зборуваме со месеци.жасни шефови (Horrible bosses)И наспроти тројцата тапчовци се нивните шефови кои се најпознатите актери во кастингот. Иако не се појавуваат во премногу сцени и дефинитивно не ви се задоволува жедта за кој било од нив, го исполнуваат очекуваното. Сепак, тие за тоа време презентираат едвај неколку мали слоја од нивните ликови, така што не се прави особена детална анализа околу тоа кои се и зошто се такви.Ужасни шефови (Horrible bosses)Кога и како да го гледате: Филм за дома, за во друштво и за ноќно време. Сигурно ќе ве релаксира и (се надеваме) нема да ви даде некои идеи како да ги решите проблемите во професионалниот живот.Ужасни шефови (Horrible bosses)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ива Reply

    Филмот е одличен, не знам од каде ви идеја дека е просечно остварување…Конечно една нова и креативна комедија.

Остави коментар