Послуга (The Help)

Филм за малтретирањето и потценувањето поради бојата на кожата. Но, и за „белите“ илузии за величина и за „црната“ внатрешна сила да ги промени работите и да извојува мала победа

Послуга (The Help)Режија: Тејт Тејлор

Улоги: Ема Стоун, Виола Дејвис, Октавија Спенсер

Времетраење: 146 минути

Јазик: англиски

Времетраење: 10 август 2011

Жанр: драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 8.65 од 10)

Loading...Loading...

—————————————————————————————————————————————————
Кинематографската индустрија досега произвела голем број филмови за расизмот, за прашањата за животинското малтретирање и понижување кое белците го вршеле врз црнците. Сепак, и по толку години, на филмското искупување на гревовите не му е дојдено крајот и Холивуд сè уште запишува приказни од овој период. Некои повеќе успешни, други помалку. За среќа, „Послуга“ влегува во првата категорија, пред сè поради специфичниот начин на кој го прави тоа.

Приказната комплетно е посветена на жените, од една страна црните слугинки и од другата, префинетите, дволични госпоѓи од Мисисипи. Не дека има некоја мистерија околу тоа кој е тука правиот, а кој е кривиот, сепак, додека гледаш, таа неправда одново те погодува. Иако главниот акцент во филмот е ставен на расистичкиот однос, суптилно се наметнуваат и прашањата за илузиите за големината на белите жени кои ги дискриминираат и „своите“ луѓе само ако не се како нив. Па, ако одиме така тогаш каде е крајот?
————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Сè е нормално во малечкото гратче во Мисисипи во 60-тите години. Црните жени работат за минимална плата од утро до мрак, додека големите госпоѓи играат бриџ и пушат скапи цигари. Тие жени им ги воспитуваат децата додека „белките“ не сакаат ни да ги земат во раце и притоа ја држат главата надолу, покорно изговарајќи „Да, госпоѓо“ (Yes, ma’am) и покрај постојаните малтретирања. А на крајот од денот не смеат ниту да влезат во тоалетот внатре во куќата затоа што „црнците имаат поинакви болести од нас, белците“. Е, тоа значи нормално во ова место.Послуга (The Help)Сепак, иницијаторот на големите дејствија во филмот е Еугенија (Ема Стоун), која е поинаква од нејзините врснички. Се обидува да стане новинарка, нема и немала момче и на крајот на краиштата, не се однесува со презир, надмоќ и гадење кон црните жени. Таа решава да напише книга во која ќе ја прикаже приказната на слугинките, нивното гледање на белото семејство, на сето она низ кое мора секојдневно да поминуваат. Прва прозборува Ејбелин (Виола Дејвис), а по неа Мини (Октавија Спенсер), а по нив… и многу повеќе слугинки.Послуга (The Help)Во „Послуга“ речиси воопшто не може да се почувствува досада и „спуштање“ на дејствието. Толку е преполно со нови моменти, со воајерско навлегување во животите и на госпоѓите и на слугинките, што тоа постојано темпо како гледач комплетно те исполнува и забавува (ако воопшто тоа е идејата на филмот).

Во ова кинематографско парче, иако на моменти се појавува хумор, тој повеќе ни се дава дозирано и на лажичка отколку во големи дози. Почести се тие емотивни сцени од кои на некои ти доаѓаат солзи во очите, а од други само пцовки во устата. Интересно е што комплетното дејство не заглавува само на расизмот, туку се води и една мала заднинска приказна за бела жена која исто така е дискриминирана од префинетите дами, што значи дека тој начин на однесување е повеќе вродено чувство и некои луѓе во светот едноставно го имаат, без разлика дали им е диктиран од некој закон или пак времето во кое живеат.Послуга (The Help)Глума: Десетици карактери, лоши и добри, покорни и борбени… Единствено во оваа кошница како да не припаѓаше Ема Стоун. Повеќе од јасно е дека таа моментално е една од најангажираните холивудски актерки, но како да не се пронаоѓа комплетно во овој филм. Иако треба да портретира девојка која е поразлична од останатите, која е помашкоданеста, поамбициозна, подобра од останатите, Ема комплетно не го носи тој „Мисисипи“, јужњачки дух со себе од кој, без разлика каква е, не смее да побегне. Да не претеруваме, таа е коректна до одреден степен, но со своето присуство не го качува филмот на повисоко ниво и не му дава ништо особено.Послуга (The Help)Кога и како да го гледате: Ноќен филм и за на големо платно. Сепак, во недостаток на таа опција погледнете го дома, но задржете ја темната атмосфера.Послуга (The Help)
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар