Хана (Hanna)

Филм за тоа дека не можеш да побегнеш од својот генетски код дури и ако тој те прави ладнокрвен убиец

Хана (Hanna)Режија: Џо Врајт

Улоги: Сојрс Ронан, Кејт Бланшет и Ерик Бана

Времетраење: 111 минути

Јазик: англиски, германски, италијански, шпански, арапски

Премиера: 8 април 2011

Жанр: акција, мистерија

Веб-сајт

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (47 гласа, просек: 8.89 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————————————
Филмовите за супервојниците никогаш не стануваат демоде. Пред 15-ина години ги имавме со Шварценегер или Сталоне, а сега целата филмска индустрија ги прави со малку повеќе мозок и со многу повеќе пари. Во „Хана“ тој супер убиец е девојче на само 16 години кое оперира без чувства, без совест.

Кога „Леон“ и „Убиј го Бил“ (првиот дел само затоа што е подобар од вториот) ќе се сретнат на половина пат, би излегло ова кинематографско парче. Сепак, за жал не оди „рамо до рамо“ ниту со едниот ниту со другиот. На приказната ù недостасуваат оние луди остри свиоци кои ќе те остават слепен за седиштето. Но, да напоменеме дека во „Хана“ сторијата е сосема гледлива, има и добро кореографирани тепачки, иако не е филм што засекогаш ќе ви остане во сеќавањата.
————————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Хана (Сојрс Ронан) живее во дивина заедно со татко ù Ерик (Ерик Бана) и нејзиното секојдневие се состои во тренинзите да биде совршен убиец. Таа го нема искусено светот, туку има само читано за него, но затоа течно зборува повеќе јазици и може да убие со само еден потег.

Првите 20-ина минути гледаме нетипична татко-ќерка релација повеќе исполнета со mortal kombat моменти отколку со вистински семеен однос. Но доаѓа момент кога секое дете мора го побара својот пат, а тоа ù се случува и на Хана. Ерик ù дава опција, кога ќе биде подготвена, да го притисне прекинувачот со кој ќе влезе во светот, но притоа ќе им даде сигнал на надлежните во ЦИА каде се. Сè уште е нејасно кој ги брка и зошто, но главното име кое ги чека да згрешат и да се појават на виделина е Мариса (Кејт Бланшет). Така почнува динамичната трка – Хана и татко ù против сите.Хана (Hanna)Кастингот во „Хана“ може да се каже дека е хитовски. Девојчето, Сојрс Ронан досега играла во блокбастери како „Патот назад“, „Убави коски“, и „Искупување“, иако овој пат е целосно поразлична и посурова. Нејзиниот физички изглед е феноменално доловен, проѕирна речиси албино девојка која дава смисол на клише фразата „не суди ги луѓето според изгледот“. Тука се и Ерик Бана кој е суровиот Мистер Мијаги за својата ќерка и Кејт Бланшет која, да беше ова „Убиј го Бил“, ќе беше Бил. Сепак, тие тука се коректни, но не и ѕвездени какви што најверојатно се очекува дека треба да бидат, во секое свое појавување.Хана (Hanna)Кинематографија и музика: Камерата не прошета низ целиот свет. Од некои снежни дивини до мароканските топли предели до некои берлински бетонски предградија. Сепак, филмот нема желба да ни продава пејсажи, туку од местото повеќе ни доловува атмосфера. Како визуелно, така и музички, во „Хана“ се слушаат звуци од различни страни на светот, иако кога има брза тепачка задолжително оди техно.Хана (Hanna)Кога и како да го гледате: Ова е ноќен филм и за возрасно друштво. Суровоста на „Хана“ може да ја растресе публиката, би рекла под 15, но за останатите е сосема безбедно кинематографско парче.Хана (Hanna)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот

Поврзани содржини

  1. me Reply

    Кога и како да го гледате: Ова е ноќен филм и за возрасно друштво. Суровоста на „Хана“ може да ја растресе публиката, би рекла под 15, но за останатите е сосема безбедно кинематографско парче. – а на пример да го гледаат во Кино? вака дур го даваат? или ние македонското, филм се гледа дома? нццц

    • eye Reply

      Што подразбираш под “ноќен филм”?
      И Хана не е сурова, само се бори за опстанок како што ја научил животот 😉

  2. Андријана Андова Reply

    Многу пати сме препорачувале некој филм да се гледа во кино. Нема никаква врска со македонското или странското.
    Мој став е дека Хана е ОК е да се гледа дома.

  3. Bryan Reply

    Go gledav uste 2riot den od koga pocna da se prikazuva vo Milenium i voopsto ne e toa sto ocekuvav spored dobriot trejler ,na momenti e glup ,a i dosaden (sto bi se reklo za malce ne zaspav).
    Preporacuvam da se gleda vo kino ako vekje nekoj go gleda bidejki doma zvucnite efekti od kino tesko deka ke gi postignete.

  4. Име Reply

    Филмот е типичен квасец-блокбастер, просечната оцена не би требало да е повисока од 6.

  5. name Reply

    dosaden film tipicen holivudski

  6. baj mi Reply

    Mene mi se dopaga, i duri 2 pati go gledav i pak ne mi bese zdodeven. Na vas vi se interesni filmovi za deca od tipot na “Bad teacher” so Cameron Diaz kade sto nema potreba da se vkluci mozokot i malku da se razmisluva zasto se vi e servirano na tacna 😉

Остави коментар