Срам (Shame)

Филм за зависноста од секс, за неприродните односи, за срамот кој ти го обликува животот

Срам (Shame) Режија: Стив Мекквин

Улоги: Мајкл Фесбендер, Кери Мулиган

Времетраење: 101 минута

Јазик: англиски

Премиера: 4 септември 2011

Жанр: драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 7.31 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Иако најчесто филмовите се конструирани така што кристално јасно ни се објаснува приказната, повремено налетуваме на парче кое ù остава еден дел на нашата имагинација. Не до толку големо за комплетно да се исфрустрираме и да се загубиме во спојувањето на коцките, туку ни го дава целото јаболко, а едноставно фали семката. Е, тука на ред е гледачот кој треба уште малку да ја надополни сторијата за да премине преку финиш-линија. Таков е „Срам“ на Стив Мекквин, кој беше прикажан минатиот петок во киното „Фросина“ во Скопје во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Целото дејство се врти околу еден неискажан момент, причината за срамот и за тоа зошто еден брат и сестра се такви какви што се, психички оштетени личности. Режисерот Мекквин секако дава насоки за можното решение, но не ти го нуди на чинија. Така што, на тебе ти останува да го одговориш последното прашање.
————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Брендон (Мајкл Фесбендер) живее сам во Њујорк и покрај тоа што однадвор изгледа сосема прибрано, тој е секс-зависник. Неговиот живот е исполнет со завршување на секојдневните обврски и мастурбирање пред компјутер, под туш, во тоалетот на работа како и постојани контакти со проститутки, стриптизети, секс-контакти на интернет и што ли уште не.

Неговите пријателски контакти се сосема ограничени и иако додека е во локалниот бар изгледа како кој било човек, неговиот поглед на моменти прави да те полазат морници. Комплетно болното, осаменичко секојдневие на Брендон го нарушува неговата сестра Сиси (Кери Мулиган) која нема каде да престојува, па доаѓа во неговиот стан.Срам (Shame) Тие се целосно различни луѓе. Брендон е ладен и недостапен, додека Сиси трага по нежност и таму каде што треба и каде што не треба. Сепак, она што боде очи во нивниот однос не е тоа, туку неприродноста. Отпрво потребно ти е време да сфатиш дека тие се роднински поврзани, а не пар со некакво љубовно минато, сегашност или иднина.

Ако јас треба да ја надополнам приказната би рекла дека токму тоа е стегата меѓу нив, сизифовиот камен кој при секој, дури и минимален обид да го подобрат својот однос, повторно ги враќа назад. Дури и би се осудила да кажам дека имало некоја инцестуозна епизода која придонела Сиси да има самоубиствени моменти, а Брендон постојано да се врти кон бесмислениот секс наместо да си дозволи блискост со некого. Но дали е така?Срам (Shame) Глума: Фесбендер и Мулиган се целосно убедливи играјќи ги Брендон и Сиси. Секој од нив е на свој начин одличен во својата улога. Сепак, можеби и еден од негативните аспекти на главниот машки лик во „Срам“ е преголемата сличност со оној на Кристијан Бејл во „Американски психо“. Ако ги тргнеме убиствата настрана, Патрик во многу аспекти потсетува на Брендон.Срам (Shame)Музика: Музиката има голем удел во приказната во „Срам“, како и во комплетната атмосфера. Од класика до диско на која ти доаѓа да цупкаш. Сепак, иако е доволно нагласена за да ја забележиш, не пречи воопшто во филмскиот тек. Но, и поради доминантно присуство на музиката, „Срам“ по малку наликува на „Американски психо“.

Што се однесува до кинематографијата, во најголем дел се судруваме со ладниот и суров Њујорк.Срам (Shame) Кога и како да го гледате: Вистинското прашање е: „Дали ќе успеете наскоро да го гледате „Срам“? Филмот сè уште има фестивалски премиери, па така дојде и во Скопје. А, публиката во кино „Фросина“ беше предупредена да не се обидува да направи пиратска снимка, што значи не може да се најде ниту за симнување.

Така што се надевам дека наскоро ќе се најде или на интернет или уште подобро во кино салите во земјава, па ќе можете да го погледнете. Инаку ова е возрасен филм и треба да се проследи навечер. Пожелно е да не го гледаат лица под 18 години зашто секс и голи сцени има во изобилство.Срам (Shame)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар