Ранго (Rango)

Анимирано вестерн доживување за работите за кои не ни размислуваме и ги прифаќаме „здраво за готово“, а реално од нив ни зависи животот… Како што е водата…

Ранго (Rango)Режија: Гор Вербински

Гласови: Џони Дeп, Исла Фишер, Алфред Молина

Времетраење: 107 минути

Јазик: англиски

Премиера: 4 март 2011

Жанр: анимација, комедија, авантура

Веб-сајт

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (27 гласа, просек: 9.48 од 10)

Loading...Loading...

———————————————————————————————————————————————————————
Ако можеше да се направи опера за деца, тогаш нема ништо чудно во тоа што гледаме и цртан филм за возрасни. Не зборувам за анимирано парче кое можете да го гледате заедно со некој помлад член на семејството, туку филмче кое е резервирано за повозрасните. Во „Ранго“, хуморот може да го преработи само зрел неврон, јазикот не е за ушите на помладите и прикажана е една сериозна вестерн сторија која отскокнува од „нормалното“ само по тоа што актерите се компјутерски направени.

Миксот на еден жанр кој е речиси заборавен како што е вестернот со надоградениот и модерен анимиран филм, дава една свежина и убавина во целиот пакет. Сепак, сведоци сме дека тие експериментални „да се обидеме нешто ново“ пристапи многу често завршуваат со вртоглав пад, па сепак успехот на „Ранго“ генерално е резултат на одличното сценарио, живите дијалози, одлично дизајнираните ликови и нормално, анимациски добро завршената работа.
——————————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Гуштерчето Ранго (Џони Дeп) е домашно милениче кое живее во терариум и фантазира за живот преполн со авантура каде што тој е главната ѕвезда… сè до моментот кога насилно е втурнат во вистинско доживување. Неговиот терариум паѓа сред пустина и Ранго е приморан да се снајде. Водата е неговиот најголем проблем. Во место каде и кактусите умираат од жед, а постојаните жители се колку-толку приспособени да опстојуваат со капка неделно, малиот гуштер навикнат на изобилство е осуден на сигурна смрт.

Во целото тоа сивило, добрата вест е што налетува на гратче сред таа пустина, но лошата е што и тука резервите на вода се дојдени на минимум. Жителите изведуваат ритуали молејќи се за некоја капка, а за да не умрат од жед мора да го решат проблемот што е можно поскоро. Ранго е мистериозниот странец кој е предмет на интерес на секого, а тој го користи тоа комплетно за да се реизмисли себеси, од плашливо домашно милениче до опасен шериф со кој никој не сака да се зафркава. Наивните граѓани во потрага по чудо, во него гледаат спас и му доверуваат речиси сè. Од таму почнува авантурата за да се најде и врати животната течност проследена со толку вистинитата и толку точната и заборавена реченица: „Тој што ја контролира водата, контролира СÈ“.Ранго (Rango)„Ранго“ е извонредно интелигентна приказна која се одвива на повеќе нивоа. Покрај основната линија која јасно ни го прикажува нашиот расипнички однос кон она што ни е дадено (прскалките на зелените тревници се вртат 24-7, додека некој таму плаче за чаша питка вода) имаме и уште неколку убаво осмислени потприказни. Тука е сторијата дека секој може да се реоткрие себеси, да направи да стане подобар човек и тоа само ако сака и ако го има тоа во себе.

Од друга страна, имаме и суптилни љубовни случки меѓу Ранго и борбената девојка Бинс (Исла Фишер), но тие воопшто не се потенцирани туку доаѓаат некако ненаметливо и пополека, и така си заминуваат, што е доволно. Ранго (Rango)Компјутерска визуелизација: Пустина, сива, голема и жештина пред која и камењата пукаат. Па дури и нејзините жители изгледа како да се претопиле во неа. Со испукана кожа, со сиви бои, во нив нема никаква егзотика. Но од целата толпа отскокнува само Ранго. Зелена боја, хавајка со силни бои… Странец во вистинска смисла на зборот. Ранго (Rango)Музика: Низ целото дејствие во филмот не следи миниоркестар на бувови кои наликуваат на маријачи и секоја случка ја надополнуваат со соодветна песна. Така што музичкиот дел е актер плус во „Ранго“. Саундракот е направен од Ханс Зимер (The Dark Night, Inception, Pirates of the Caribbean), како и оригинални песни од бендот Los Lobos. Ранго (Rango) Кога и како да го гледате: Па, директивите се јасни – иако е анимиран филм, не е за деца. И покрај тоа што јас го гледав дома, изгледа дека е многу подобро во кино. Ако ја имате таа можност, купете билетче. Ранго (Rango) ———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. mitko dovlevski Reply

    sega bas go gledav filmot .mozam da kazam deka e najdobro napraveniot dolgometrazen crtan film sto go imam gledano,a imam gledano dosta.kvalitetno scenario,perfektno animirani likovi i odlicniot johny dep kako rango.

Остави коментар