Краток анимиран филм кој зборува за тоа како да се справиме со загубата на најблиските!

Краток анимиран филм кој зборува за тоа како да се справиме со загубата на најблиските!

Ние навистина можеме да кажеме многу за оваа предизвикувачка 2020 година, бидејќи нема настани што не се случиле во неа, но во исто време ова беше година на танцувањето, интересните приказни и многу хумор, а тоа е најмногу благодарение на социјалната мрежа ТикТок. Не е непознато дека токму социјалните мрежи диктираат нови трендови и содржини што треба да ги разгледаме, па затоа деновиве е невозможно да се игнорира овој мини анимиран филм кој е толку емотивен што никого не го остава рамнодушен!

Во морето од различни предизвици што се појавија на ТикТок, деновиве вниманието го украдоа видеата поврзани со новиот анимиран филм. Така, корисниците на оваа социјална мрежа ги објавуваат своите реакции откако го погледнале анимираниот филм „If Anything Happens, I Love You“, кој е крајно емотивен, така што скоро никој не успева да ги сокрие солзите.

@supdaily#stitch with @catonb3 #ifanythinghappensiloveyou #blindreaction

♬ original sound – SupDaily

Станува збор за анимиран филм кој трае околу 12 минути и прикажува болна семејна приказна, толку искрена, реална и емотивна што се чувствувате како да сте дел од него. И покрај тоа што не е вистинска приказна, неговото сценарио многу нè потсетува на трагичните настани што порано ги слушавме во вестите, особено кога станува збор за американското општество, а станува збор за пукање во училишта, во кое бројни семејства ги загубија своите најблиски. Како да се справите со една од најголемите и секако најболните загуби, откријте во овој емотивен филм што ќе ве потсети колку се важни луѓето во нашите животи, особено кога се во прашање членовите на нашето семејство! Во продолжение можете да го погледнете трејлерот.

Можеби ќе сакате да го погледнете и овој анимиран филм што ќе ве потсети кои се вистинските вредности на Божиќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар