Филм: Џони Инглиш повторно во акција (Johnny English Strikes Again)

Џони Инглиш се враќа од пензија за да се бори против генијален дигитален криминалец

Режија: Дејвид Кер

Улоги: Роуан Аткинсон, Ема Томпсон, Олга Куриленко

Времетраење: 88 минути

Премиера: 20 септември 2018

Јазик: англиски

Жанр: комедија, акција, авантура

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 10 (1 гласа, просек: 10.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Мистер Бин се обидува да биде Џејмс Бонд. Барем такво чувство ќе добиете додека го гледате третото продолжение од франшизата за Џони Инглиш. Станува збор за британска шпионска комедија, во која Роуан Аткинсон го прави тоа што најдобро го знае – ни претставува урнебесно неталентиран и неснаодлив човек, без никаква поврзаност со најновата технологија, но со екстремно голема среќа. Ви звучи познато? Исто како и претходните два филма, така и овој пат тој ќе успее да го спаси светот со низа случајности.

На почетокот го гледаме пензионираниот Џони Инглиш како им предава шпионство на студенти на факултет (без знаење на факултетот). Но, откако еден дигитален напад ќе ги разоткрие сите агенти од британската тајна служба, Џони Инглиш ќе биде повикан да се врати од пензија и да ги искористи своите аналогни методи за да се избори против овој дигитален криминалец. Накратко, ако сте љубители на Мистер Бин, нема шанси овој филм да не ви се допадне. Но, ако не сте расположени за таков вид хумор, тогаш можеби е подобро да ги намалите очекувањата пред да го погледнете Инглиш, Џони Инглиш.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар