ТВ серија: Манијак (Maniac)

ТВ серија: Манијак (Maniac)

Овен и Ани стануваат дел од мисетиозно фармацевтско истражување за справување со емоционални проблеми што ќе тргне наопаку

Главни улоги: Џона Хил, Ема Стоун, Соноја Мизуно

Жанр: комедија, драма, научна фантастика

Креатори: Кери Јоџи Фукунага, Патрик Сомервил

Премиера: 21 септември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

 

„Манијак“ (Maniac) е базирана на популарна норвешка серија, со елементи на добро познатите „Наука за спиење“ (Science of Sleep), „Легија“ (Legion) и „Вечна сончева светлина“ (Eternal Sunshine). Па, ако сте љубители на овој жанр, тогаш знаете што да очекувате! Целата приказна изгледа како да гледате нечиј сон – и во ниту еден момент не можете да претпоставите што ќе се случи следно бидејќи текот не следи никакви правила. И покрај тоа што има допирни точки во однос на начинот на раскажување со други серии и филмови, сепак самата приказна е уникатна и нешто досега невидено.

Дејството се случува во замислена блиска иднина, која е малку поинаква од тоа што досега сме го гледале на малите екрани. Во оваа иднина, аналогното е над дигиталното, роботите се како слатки миленичиња, и луѓето можат со помош на флопи диск да искусат виртуелна реалност во која не важат никакви закони. Главните ликови, Овен Милгрим (Џона Хил) и Ани Лендсберг (Ема Стоун), решаваат да станат дел од фармацевтско истражување со цел да тестираат лек кој наводно ќе им помогне да се ослободат од емоционални болки од минатото.

Истражувањето се состои од три фази, во кои суперкомпјутер треба да ги изолира, да се соочи и да ги прифати трауматичните сеќавања во потсвесниот дел од умот и да им донесе на учесниците среќа што инаку не би можеле да ја доживеат. Но, бидејќи нештата никогаш не се толку едноставни, сосема е очекувано нешто да тргне наопаку – што и ќе се случи откако еден од докторите ќе изјави дека имаат сериозен проблем и дека нивниот компјутер е многу депресивен. Па, ако сте подготвени за „истрипана“ авантура, тогаш оваа ТВ серија е идеална за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар