25 причини зошто треба да се смеете почесто

25 причини зошто треба да се смеете почесто

Со толку многу контроверзии околу нас, навистина е лесно да се обесхрабриме. Овие денови луѓето треба да се смеат почесто. Животот е премногу убав и краток за да го поминувате поголемиот дел од времето грижејќи се за нешта што се надвор од ваша контрола. Ако ви е потребна причина да се смеете почесто, во продолжение ќе најдете дури 25.

25 причини зошто треба да се смеете почесто

1. Смеата ја намалува напнатоста во мускулите

Смеењето ги опушта мускулите во телото, најмногу на лицето, вратот, рамената и стомакот. Кога смеењето е неконтролирано се создава реакција која ја намалува напнатоста и го подобрува дишењето.

2. Смеењето го намалува нивото на стрес

Луѓето кои се смеат и имаат позитивен поглед кон животот имаат пониско ниво на стрес хормони. Како што се намалува нивото на овие хормони, телото се опушта и ќе се чувствувате физички и емоционално одморени.

3. Смеењето ве подмладува

Истражувачите покажале дека смеењето го зголемува лачењето на ХГХ, хормон против стареење, за 87%.

4. Смеењето го намалува ризикот од болести на срцето

Смеењето ја подобрува циркулацијата на крвта и го зголемува нивото на кислород во телото. На овој начин се намалува ризикот од мозочен удар, кардиоваскуларни болести и инфаркт.

5. Смеењето ја подобрува циркулацијата

Во едно истражување спроведено од страна на Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, смеењето ги проширува крвните садови и ја подобрува циркулацијата.

6. Смеењето му помага на вашето срце

Во друго истражување од Универзитетот во Мериленд се открило дека луѓето со болести на срцето се смееле 40% поретко за разлика од здравите луѓе на иста возраст.

7. Смеењето го зајакнува имунитетот

Според Националниот институт за рак, смеењето ги контролира стрес хормоните и го зајакнува вашиот имунитет.

8. Смеењето го забрзува оздравувањето

Истражувањата покажале дека со намалување на крвниот притисок, зајакнување на имунитетот, намалување на стресот и слично, смеењето го забрзува и оздравувањето.

9. Смеењето го намалува нивото на шеќер во крвта

Смеата има многу здравствени придобивки за дијабетичарите. Во истражување од 2012-та во кое учествувале 19 лица со дијабетес се покажало дека смеата го намалува нивото на шеќер во крвта по оброкот.

10. Спиењето го подобрува сонот

Јапонските истражувачи откриле дека смеењето навечер го поттикнува лачењето мелатонин кој помага во спиењето.

11. Смеењето им помага на луѓето да ги подобрат вештините за справување

Смеата го намалува стресот со лачењето на ендорфини, а ова им помага на луѓето полесно да се справат со стресни ситуации.

12. Смеењето ја зголемува толеранцијата на болка

Истражувачите од Универзитетот Оксфорд откриле дека смеата ја зголемува толеранцијата на болка благодарение на ендорфинот. Па кога следниот пат ќе ве заболи нешто, пробајте да се насмеете.

13. Смеата е вид вежбање

Смеењето може да биде и вид физичка активност бидејќи со него ги вежбате дијафрагмата, рамената и стомакот.

14. Смеењето ве прави попривлечни

Истражувањата покажале дека смеењето ве прави попривлечни. Исто така се открило дека е многу полесно да бидете физички интимни со личност која е смешна.

15. Смеењето ја намалува агресијата

Смеата е одличен начин да се намали напнатоста во просторијата. Бидејќи сте релаксирани, можете полесно да се смирите и да ја намалите агресијата.

16. Смеата им дава енергија на органите

Смеата може да ги „разбуди“ органите како срцето, мозокот и белите дробови и ги стимулира да работат подобро.

17. Смеата ја подобрува дигестијата

Истражувањата покажале дека смеата ја подобрува дигестијата и е добра терапија за луѓето со чувствителен стомак.

18. Смеењето им помага на луѓето да заштедат и до 30% на лекување

Докторите во западна Јапонија направиле програма за медицинска нега на лица во која биле вклучени и физички тренинг и терапија со смеење. Околу 92% од испитаниците изјавиле дека нивните годишни трошоци за здравство се намалиле за 30%.

19. Смеењето го олеснува дишењето

Смеата го зголемува капацитетот на белите дробови и ги прочистува. Исто така поради смеењето издишувате подолго и го отстранувате застојаниот воздух.

20. Смеата ја подобрува сликата што ја имате за себе

Според истражувањата смеата има големо влијание на тоа како се гледате себеси, особено ако сте мажи. На пример, ако некоја личност се смее на шегите на некој маж, тој ќе се почувствува гордо.

21. Смеата ја поттикнува креативноста

Бидејќи смеата ја поттикнува креативноста, постои и „креативна вежба за размислување“ која бара од вас присилно да се смеете на глас.

22. Смеењето го продолжува животот

Комбинацијата од сите придобивки од смеата го продолжува вашиот живот. Едно истражување кое траело 20 години покажало дека позитивните луѓе живееле околу 7,8 години повеќе од луѓето со негативен поглед кон светот.

23. Смеата ја зголемува вашата продуктивност

Некои истражува покажале дека смеата е добра за вашата продуктивност. Позитивниот поглед кон светот им помага на луѓето да бидат поефикасни во креативното решавање проблеми. Исто така овие луѓе имаат повеќе енергија, повеќе мотивација и се оптимисти за претстојните предизвици.

24. Смеењето ги подобрува врските

Според истражувањата, паровите кои заедно имале сесии медитација со смеење забележале значително подобрување во врската. Покрај тоа семејства што се смеат често се поблиски и подобро се справуваат со стресните ситуации.

25. Смеењето прави да изгледате помладо

Нашето лице го покажува стресот што го чувствуваме преку затегнатите мускули и брчките. Но кога се смеете се намалува напнатоста во овие мускули и изгледате помладо.

Погледнете ги и овие интересни факти за смеењето што ќе ве изненадат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар