3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик Епиктет

„Прирачник за живеење“ на стоичкиот филозоф Епиктет се смета за една од најголемите стоички класици. Практичната мудрост на стоицизмот повторно се појави минатата деценија со авторите како Рајан Холидеј и Тим Ферис кои понудија нивна рефлексија на оваа филозофија. Иако можеби не е познато како „Медитации“ (Meditations) на Аврелиј или „Писма од еден стоик“ (Letters from a Stoic) на Сенека, прирачникот на Епиктет има исто моќни совети. Погледнете 3 од неговите најдобри лекции.

1. Потребни се концентрација и жртва за остварување на целите

3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик Епиктет

Помеѓу смартфоните, социјалните медиуми и Интернетот, сè почесто се соочуваме со намалено внимание и проблеми со концентрацијата. Ако посакувате нешто големо, ако имате сон што го сакате повеќе од што било, мора да му го посветите целото ваше внимание. Во спротивно, шансите да го направите реалност речиси и да не постојат. Ова значи да се откажете од некои работи, или барем да ги тргнете настрана додека го следите вашиот сон.

Покрај концентрација, вашиот сон ќе бара и жртва. Епиктет смета дека треба да ја гледате целата слика, работата што треба да ја завршите, од што се откажале другите пред вас и треба да ја завршите таа работа и да ги направите потребните жртви.

2. Бидете свесни што е во ваша моќ, а што не

3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик Епиктет

Стоицизмот понекогаш има лоша репутација бидејќи може да биде мрачен. Негативноста не е само тема што одвреме-навреме се спомнувала помеѓу грчките и римските филозофи, туку нешто за коешто се дискутирало надолго и нашироко. Причината е што животот е полн со предизвици, а стоицизмот сака да ве научи да живеете подобро. Секој кој смета дека треба да се фокусирате само на позитивното и да го избегнувате мрачното живее во лага.

Овде спаѓа свесноста за вашата моќ. Важно е да знаете што е, а што не е во ваша моќ. Постапките на другите, туѓото мислење за вас и што се случува со другите е надвор од ваша контрола. Кога се обидувате да ги контролирате овие нешта станувате фрустрирани и страдате. Потребно е да сакате да ги исправите негативните работи во светот и да ги следите вашите соништа, но важно е да разберете дека имате ограничено време, енергија и ресурси и некои нешта не можете да ги контролирате.

3. Не заборавајте дека смртта е блиску

3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик Епиктет

Во земјите на истокот од каде што потекнува будизмот, рефлектирањето на смртта било навистина често. Но на запад ја избегнуваме смртта како мрачна тајна. Нормално, никој не сака да размислува за фактот дека еден ден ќе умре, но ова е вистината. А бидејќи ова е најголемата вистина во животот – непостојаноста на нештата, ако можете да се справите со неа ќе живеете многу подобро.

Епиктет сака да запомниме дека смртта е секогаш блиску бидејќи тогаш нема залудно да потрошиме ниту една секунда. Животот ќе стане многу повозбудливо патување кога одвреме-навреме ќе се сетите на непостојаноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар