„Miracle in Cell No. 7“: Филм кој ќе остане во вашата меморија долго време

„Miracle in Cell No. 7“: Филм кој ќе остане во вашата меморија долго време

Кога последен пат сте гледале филм од кој ви трепереше целото тело и од првата до последната минута ви се измешаа разни чувства кои подоцна беше тешко да ги прераскажете? Токму ова искуство е филмот „Miracle in Cell No. 7“ или „Чудо во седмата ќелија“, и тоа е филм кој ќе остане во вашата меморија долго време и најверојатно ќе биде сместен високо на списокот на омилените филмови. Филмот е всушност турска преработка на истоимениот јужнокорејски филм, а во 2019 година го доби статусот на најгледан турски филм. Заплетот на филмот раскажува за потрагата по правда на Мемо кој е во затвор, односно ја чека неговата смртна казна и кој е на исто интелектуално ниво со неговата седумгодишна ќерка. Мемо е обвинет за убиство на девојче на егејскиот брег и скоро никој не верува во неговата невиност освен неговата ќерка. Дали тој ќе може да го докаже тоа и со тоа да се спаси од трагичен крај, останува на вас да откриете!

Прочитајте и за „Ethos“: Серија која нѐ потсетува дека депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар