Поглед кој заведува: Дали е ова најубавиот актер на сите времиња?

Поглед кој заведува: Дали е ова најубавиот актер на сите времиња?

Легендарниот холивудски актер Пол Њуман е роден на 26 јануари 1925 година во американската држава Охајо. Имал само седум години кога глумел во училишна продукција на „Робин Худ“ и со тоа ја постигнал својата прва улога. Потоа станал дел од детската театарска програма предводена од театарот „Хаус“ во Кливленд, во која глумел на 10-годишна возраст во претставата „Свети Џорџ и змејот“.

Поглед кој заведува: Дали е ова најубавиот актер на сите времиња?

По дипломирањето во 1943 година, тој се запишувал на Универзитетот во Охајо, но се откажал од студирањето за да оди во војска. Потоа се запишал во пилот-школата на Универзитетот „Џеил“, која морал да ја напушти откако било утврдено дека е далтонист и не ги препознава боите.

По војската се вратил на класичното образование. Завршил глума и економија на приватниот колеџ „Кенион“, а потоа се вратил во „Џеил“ и студирал глума една година.

Потоа, се вљубил во Џеки Вит и се ожени со неа. По раѓањето на нивниот син Скот, двојката се преселила во Њујорк каде што Пол се запишал на часови по глума во легендарното „Актери студио“ на Ли Страсберг.

Улогата што претставува пресвртница во неговата кариера е таа во филмот „Мачки на врел лимен покрив“ од 1958 година во кој глумеше со Елизабет Тејлор. Тогаш тој ја доби својата прва номинација за Оскар. Поради изгледот и специфичните сини очи, Њуман сè уште ја носи титулата за најубав актер на сите времиња.

Поглед кој заведува: Дали е ова најубавиот актер на сите времиња?

Поглед кој заведува: Дали е ова најубавиот актер на сите времиња?

Сигурно не сте го знаеле ова за најголемиот холивудски заводник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар