За време на породувањето таа ја имала најголемата поддршка, без воопшто да забележи!

Кучето Рејнџер било возбудено во текот на целиот ден. Тоа знаело дека нешто се случува, па не ја напуштило мајката во ниту еден момент. За среќа, фотографката успеала да го сними секој неверојатен момент што се случил меѓу мајката, бебето и најдобриот пријател на човекот.

„Тој лежеше на креветот и ја гледаше како се лулка напред-назд. Тој беше смирувачко присуство кога моќта и интензитетот на нејзините контракции се зголемуваше. Одвреме-навреме ќе скокне на креветот и ќе ѝ даде грижлив бакнеж за да ја увери дека може да го преживее ова. Тоа беше прекрасно за гледање“, вели Кристин Вагнер, фотографката. „Кога се префрливме кај базенот за породување, нештата се забрзаа. Рејнџер седеше на каучот и гледаше во неа, погрижувајќи се сè да биде во ред. Во моментите на болка, тој се стрчуваше и ја бакнуваше, а потоа се враќаше на својот кауч, внимателно очекувајќи го доаѓањето на бебето. А кога Беркли конечно пристигна, тој скокна и се стрча за да ја запозна својата мала сестра.“

Најинтересното е што мајката воопшто не забележала дека кучето постојано било во нејзина близина, но откако ги видела фотографиите сфатила дека ја чувствувала неговата сила покрај неа. Погледнете ги овие неверојатни фотографии што ни покажуваат дека кучињата се најголемата поддршка што ние луѓето можеме да ја добиеме…

Мислите дека на вашите деца не им треба куче? Погледнете ги овие гифови и фотографии веднаш!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар