Спонтани фотографии од млади вљубени парови на улиците на Њујорк

Џулија Ксантос изработува фотографии и видеа за „New York Daily News“, но и кога не е на должност таа пак не може да остане мирна. Камерата на нејзиниот ајфон секогаш ѝ е при рака додека трпеливо чека во парк, во метрото, на улиците, за да ги овековечи спонтаните изливи на љубов кај луѓето кои не ги познава, а кои потоа ги објавува на Инстаграм. Во оваа нејзина серија фотографии доминираат млади вљубени парови, но таа вели дека тоа не е намерно туку е последица на тоа што кај младите тие емоции, пред сè полетноста на почетокот на врската, полесно се забележуваат. Тие не само што ѝ помагаат на Џулија да се изрази, туку ѝ помогнале и да го залечи своето срце, да сфати дека љубовта е насекаде околу нас и повторно да се вљуби. На крај додава и дека сепак нема фотографија која може да го опише моментот на вљубување.

Спонтани фотографии од млади вљубени парови на улиците на Њујорк

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар