Како изгледа операција за промена на полот?

Во последно време многу слушаме и читаме за луѓе кои чувствувајќи се дека се родиле во погрешно тело, одлучуваат да живеат дефинирајќи се со спротивниот пол и, после некое време, да направат и хируршка промена на полот. За повеќето од нас, ова е незамисливо, но за среќа на оние кои сакаат да продолжат да живеат онака како што се чувствуваат, не и невозможно.

kako-izgleda-operacija-za-promena-na-polot-kafepauza.mk

Покрај тоа што е многу скапо, преминувањето на пример од маж во жена не подразбира само една физичка промена. Човек кој преминува од маж во жена може да сака да направи зголемување на задникот, редукција на тироидната ‘рскавица, феминизација на лицето и зголемување на градите, како и промена на полот.

Добрата вест за овие луѓе е што при изведувањето на вагинопластиката, експертскиот хирург може да се осигури дека личноста ќе може да доживува оргазми или барем задоволително ниво на ерогена сензитивност што ќе ѝ овозможи и понатаму да искусува задоволство.

Видеото е креирано од страна на Европската асоцијација на уролози кое сликовито го илустрира процесот на операција при промена на полот од маж во жена.

Предупредување: И покрај тоа што се работи за илустрирана анимација, сепак е тешко да се гледа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар