Сите деца не делат иста судбина

10-годишната Ли живее во стан во Пекинг со родителите. Секоја вечер работи барем по три часа на своите домашни задачи, со цел „да ги сработи по највисок стандард“.

Марија има 12 години. Живее во Мексико Сити, во трикатна куќа сместена позади високи порти. Безбедноста е на највисоко ниво во нивниот дом, особено откако нејзиниот брат бил киднапиран од банда.

Иако веќе има 6 години, Билал не оди на училиште туку се грижи за петнаесетте кози на своето семејство. Живее во бедуинска колиба сместена веднаш до Израелска база во Западниот Појас.

Кенијката Нантио живее во колиба со своите браќа и сестри. Нивниот дом е изграден главно од пластика и нема многу простор за стоење. Таа порано одела на училиште, но се откажала затоа што преферира да чека некој воин од нејзиното племе да ја избере за жена.

Роати има 10 години и живее во Пном Пен, Камбоџа. Неговиот дом е сместен врз депонија исполнета со смрдеа и со муви. Тој таму спие на душек од автомобилски гуми. Секое утро добива туширање и појадок од хуманитарна организација, пред да започне со собирање пластични шишиња за да заработи. Тој појадок често пати му е единствениот оброк во денот.

9-годишната Делани сака да биде моден дизајнер кога ќе порасне. Во моментов живее во голема куќа во Њу Џерси, каде што секое од трите деца има посебна соба.

14-годишната Ријанон од Дарвел, Шкотска, е припадник на панк супкултурата исто како и нејзините родители. Тие се дел од заедница во која членовите се трудат да личат едни на други. Таа го негува овој имиџ уште од шестгодишна возраст. Инаку живеат во предградие во кое доминира насилството и употребата на хероин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























