Како би изгледале патничките авиони во иднина?

Секој на планетава Земја кој патува со авион би сакал да има свое седиште, одвоено од останатите со повеќе простор за да ги испружи нозете. За среќа, дизајнерите на воздушни летала моментално работат на тоа да создадат што е можно поудобни услови за сите типови патници, особено за оние кои патуваат на поголема далечина. Ова се неколку од најгенијалните иновации кои наскоро ќе бидат дел од вашиот следен лет…

Личен систем за забава

Како би изгледале патничките авиони во иднина?

Соопштувањата за летовите преку Фејсбук на пример, моментално е врвот на технолошките достигнувања за повеќето авионски компании. Но, некои од нив, поточно оние кои ги следат најновите технолошки трендови, почнуваат да воведуваат вградени индивидуални центри во нивниот авионски дизајн. Ќе можете дури да го поврзете и вашиот уред со овие системи преку мрежата во самиот авион.

Помошен систем за време на летот

Како би изгледале патничките авиони во иднина?

Холандската авиокомпанија AirFi ги опремува ниско-буџетните воздушни летови со посебни безжични системи кои ги аплоудираат информациите за патниците директно преку нивните уреди. Тоа ви нуди можност за време на летот да читате списанија, да одберете кои филмови ќе ги гледате, да нарачувате храна и да купувате бесцарински производи.

Виртуелна реалност наместо Интернет

Како би изгледале патничките авиони во иднина?

Патниците често гледаат филмови или читаат книги на Интернет за време на летот. Многу авиокомпании сакаат да ги надминат овие Интернет можности за забава и самите да почнат да ги нудат, но досега немало многу простор за тоа. Австралиската компанија Qantas моментално тестира најнова технологија која преку виртуелна реалност ќе им овозможи алтернативна забава на патниците.

Неверојатно удобни седишта со ВР технологија

Како би изгледале патничките авиони во иднина?

Многу полесно ќе уживаме во сите иновации кои планираат да ни ги понудат авионските компании доколку седиме во удобни седишта. Можеби најбараното нешто за време на летовите наскоро ќе стане реалност. Освен тоа, Qantas планира да воведе ВР очила со што ќе можете уште повеќе да се опуштите додека уживате во ова ново ниво на удобност. Сето ова е веќе достапно во некои од првокласните авионски летови.

Седишта како во кино

Како би изгледале патничките авиони во иднина?

Италијанската компанија Aviointeriors дизајнира посебни авионски седишта кои се собираат кога никој не седи на нив. Оние кои патуваат во економска класа ќе можат многу полесно да се движат во авионот. Кога ќе гледате филм за време на летот повеќе ќе се чувствувате како да сте во кино, отколку како да сте во авион.

Индивидуални кабини за спиење

Како би изгледале патничките авиони во иднина?

Оваа иновација, дизајнирана од страна на компанијата Factory Design која се вика „Air Lair“, е вистинска јаготка на шлагот кога станува збор за авионската технологија. Компанијата планира да воведе индивидуални „кожурци“ за спиење наместо седишта. Патниците од прва класа ќе можат да уживаат во овие футуристички кабини со свое посебно осветлување, извор на звук и регулатор на температура. Овие специјални седишта се дизајнирани така што ентериерот во авионот ќе биде искористен максимално, но бараат солидна инвестиција која само мал број авиокомпании можат да си ја дозволат моментално.

За кратко време овие неверојатни иновации ќе им бидат достапни на сите патници. Да се надеваме дека ќе успеат и да го победат стравот од летање со кој многумина се соочуваат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар