Град во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за живот

Град во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за живот

3Д печатењето почна да се применува во многу индустриски гранки, од поправки со течен метал на вселенски летала, до 3Д печатење на живо ткиво. Денес со овие печатачи можете дури да изградите и куќа.

Град во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за живот

Во овој процес се користат големи печатачи со бетон, а со нивна употреба се заштедува многу енергија и се намалува отпадот. Куќите се веќе изградени, а сега е потребно само некој да се всели во нив.

Една градежна компанија од Холандија наречена Van Wijnen ги печати првите домови во светот кои се всушност погодни за живеење. Барем така тврдат тие. Овој проект е наречен Milestone, а футуристичките домови ќе бидат испечатени во близина на градот Ајндховен.

Моментално има 5 куќи и секоја е со уникатна форма и големина. Со ова е прикажана флексибилноста на неверојатната технологија на 3Д печатењето. Бидејќи печатачот се движи на дводимензионална шина во воздухот, архитектите можат да ги дизајнираат домовите во речиси секоја форма.

Град во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за живот

Куќите се печатат на една локација а потоа се транспортираат до крајната дестинација. Кон крајот на проектот тимот се надева дека ќе биде во можност да го однесе печатачот на местото каде што ги поставуваат куќите.

Ова ќе резултира со уште поефективен процес, особено кога ќе се земе предвид дека за да се изработи структура од бетон потребни се повеќе од 6 месеци. Едноставното склопување не е единствената предност на 3Д печатачот во однос на конвенционалните методи на изградба. Овој процес бара помалку работници, многу е поевтин, а бројот на несреќи е сведен на минимум. Покрај тоа, количеството на бетон и транспортацијата се намалени, а ова има добро влијание на околината.

Футуристичката визија на оваа компанија е само еден од многуте поретки во кои се користат 3Д печатачи за изградба на уникатни куќи. Компанијата ICON од Остин изградила бунгалов од 60 метри квадратни за помалку од 10.000 евра. Друга компанија од Сан Франциско успеала да изгради цела куќа за само 24 часа.

Но технологијата за 3Д печатење на структури сè уште се надградува и за некои од предностите можеби се претерува. Разновидноста на материјалите на база на бетон поставуваат прашања за нивниот структурен интегритет и влијаење врз околината. Какво влијание имаат специјално создадените мешавини од цемент на квалитетот на воздухот и биоазградливоста? Потребни се уште многу истражувања за 3Д печатењето да биде вистински успех.

Но едно нешто е јасно – постои многу возбуда и оптимизам зад оваа технологија, а токму тоа потребно за нејзин напредок. Се разбира, мала е веројатноста дека конвенционалните методи на изградба ќе бидат заменети веднаш. Поверојатно е дека 3Д печатењето ќе се проширува и ќе го модифицира начинот на кој ги градиме домовите во блиска иднина. Сепак, кој не би сакал дом што е побезбеден, добар за околината и поевтин за изградба?

Погледнете ги и овие неверојатни 3Д печатени аквариуми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар