Слаткар од Русија прави торти достојни за во музеј
Кога ќе ги погледнете ремек-делата на младиот слаткар Ренат Агзамов, ќе ви стане јасно зошто е толку популарен не само во неговата земја, туку речиси низ целиот свет. Во продолжение погледнете ги неговите торти што сигурно ќе ве остават без зборови.
1. Замок

Тешко е да се замисли, но оваа торта ја сочинуваат 19.600 различни делови. Слободно можете да изброите 712 прозорци и 9.000 цветови кои вкупно имаат 126.000 ливчиња. Ова е пример за неверојатна уметност.
2. Поларна светлина

Оваа торта навистина изгледа како поларната светлина. Неверојатно е како Ренат успеал да постигне такво постепено менување на боите.
3. Кристал

Ова е елегантна торта што изгледа како да лебди во просторот. Декорациите се направени од карамела, а тортата е висока 1,5 метри.
4. Магичен замок

Оваа торта е неверојатна поради комплексноста на секој „кат“. Осветлувањето е само уште едно ремек-дело.
5. Мароко

Секој детаљ на оваа торта е одличен – чоколадните фигури, лаковите, столбовите и цветовите. Мароканскиот стил е прикажан со светлите бои. Оваа торта е висока 1,7 метри.
6. Фонтана

Навистина е тешко да поверувате дека ова дело се јаде. Водата е направена од карамела, а фигурите се направени од чоколадо. Ова е класицизам во најдобра форма. Висината на тортата е 2 метри.
Продолжува на следната страница…





























