Зошто да ѝ се радувате на зимата?

Како што есента доаѓа при крај, време е да се подготвите за она што го носи зимата. Ладното време, топлата облека, вкусното чајче се само некои од работите кои ја прават зимата поубава. Еве неколку причини зошто треба да се радувате на ова годишно време.

(0) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk

Зимска облека

Меките, топли и удобни парчиња облека се својствени за зимскиот период. За оние што сакаат зимска облека, ова е вистинско време за уживање и причина плус зошто да ѝ се радуваат на зимата.

SONY DSC

Слатки закуски

Во текот на зимата подолго време поминувате дома, па затоа имате и повеќе простор за да зготвите нешто вкусно. Одлучете се за едноставни слатки печива, кои ќе го исполнат домот со топлина и миризба и ќе бидат уште еден повод за уживање со најблиските.

(2) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk

Топол чај

Зимата е одлично време за топло чајче припремено на ваш начин. Најдете некои домашни билки, експериментирајте и уживајте во она што сте го направиле со некоја добра книга.

(3) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk

Чизми

Уште една причина зошто да ѝ се радувате на зимата е носењето на омилените чизми. Девојките изгледаат одлично кога ги комбинираат со фармерки или хеланки и добра сукња.

(4) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk

Време за гушкање

Добро, секое време од денот, ноќта или годината е добро за ова. Но, студените зимски ноќи се како створени за гушкање, топли прегратки и нежни бакнежи. Уште една убава причина зошто со нетрпение да ја очекувате зимата.

(5) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk

Прошетки на свеж воздух

Прошетките на свеж воздух се одлични за здравјето. Нема ништо поубаво од чекорење по снегот и уживање во студениот воздух, особено наутро. Ќе се разведрите и ќе се чувствувате витално во текот на целиот ден.

(6) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk

Празнична музика

Празничната музика ја разигрува зимската атмосфера и го крева расположението. Постојат многу песни инспирирани од зимата и зимските празници. Пуштете си ги вашите омилени и едноставно уживајте.

(7) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар