Малото прасе Хамлет го победува својот страв од скали

Сподели

Хамлет е мало прасе кое има мала фобија од скалите во домот каде што живее. Неговите сопственици решиле да му помогнат со овој проблем на многу креативен и интересен начин…Малото прасе Хамлет го победува својот страв од скалиКога Хамлет бил многу гладен тие му покажале чинија полна со неговата омилена храна и му дозволиле само да ја намириса. Потоа се симнале по скалите и ја оставиле чинијата на подот покрај последната скала. Хамлет по кратко двоумење се соочил со својот страв и набрзина се симнал по скалите. Најинтересниот момент е што тој од последната скала буквално нурнува во чинијата со храна.

Што мислите, дали Хамлет целосно го надминал својот страв по овој краток третман? И како би постапиле вие доколку вашето милениче има сличен проблем?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студентка по психологија која во слободно време обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Одрекува дека е зависна од кофеин, но цврсто верува дека со помош на поголемо количество на кафе може да го освои светот. :)

Поврзани содржини

Остави коментар