Како функционира мотивацијата која произлегува од стравот?

Како функционира мотивацијата која произлегува од стравот?

Дали сте размислувале за најчестите извори на вашата мотивација и дали таа произлегува како резултат на страв, љубов или некое друго чувство? Сигурно вашата мотивација да направите одредена работа произлегува од вашиот страв ако некогаш сте размислувале на овој начин:

„Ако сега не добијам унапредување, сите на работа ќе ме озборуваат поради мојот неуспех.“
„Ако не вежбам доволно, сите ќе ми се исмејуваат“.

Мотивацијата заснована на страв се состои токму во тоа да ги правите работите бидејќи чувствувате страв од тоа што може евентуално да се случи доколку не вложите доволно труд и не се погрижите тоа да го направите добро.

Како функционира мотивацијата која произлегува од стравот?

Она што можеби не го знаете е дека иако мотивацијата заснована на страв може да има краткорочни позитивни резултати, сепак таа може да придонесе за долгорочни штетни ефекти врз вашиот начин на размислување, односите со другите и вашата ментална и физичка благосостојба.

Дали е корисна мотивацијата заснована на страв?

Вашиот мозок го користи стравот за да ве заштити од можните опасности. Во овој случај, мозокот ви дава знак да се оддалечите од она што тој го перципира како „штетно“ и да најдете прибежиште во вашата удобна зона. Оваа функција на мозокот е важна кога постои вистинска закана за вашата благосостојба, како на пример доколку наидете на змија во природа. На тој начин вашиот мозок ќе го искористи стравот за да ве мотивира да се оддалечите од змијата што е можно побрзо. Но, кога користите мотивација заснована на страв за да ги постигнете вашите животни и кариерни цели, постојаната состојба на страв ви создава непотребен стрес кој може штетно да ви делува.

Влијанието на негативното размислување

Кај повеќето луѓе, овој тип на размислување може да предизвика стрес и може да ја намали енергијата и да го влоши расположението. Негативното размислување може да ве принуди да посветите вниманието на она што е погрешно или што може да тргне наопаку наместо да се фокусирате на важните елементи. Ова, пак, го стеснува вашиот фокус и ве спречува да ја видите пошироката слика.

Откако прочитавте за врската помеѓу мотивацијата и стравот, можеби ќе сакате да прочитате и 6 позитивни мисли за секојдневна мотивација.

Извор: lifehack.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар