Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Иако основачот на Епл повеќе не е жив, овој технолошки гигант продолжува да биде лидер во индустријата за мобилни телефони. Со ајфонот, Епл го промени начинот на кои луѓето комуницираат со технологијата и едни со други. Но, да го имате најновиот и најдобриот ајфон не е толку неопходно. Погледнете зошто не треба да ја купувате најновата верзија на ајфон.

1. Најголемиот настан на векот, повторно

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Епл направи вистински бран кога го објави последниот ајфон во септември 2017-та година, исто како што направи и во 2016, 2014 и 2013 година. Брзата стапка на развојот на Епл е речиси негативна. Додека да се навикнете на најновиот ајфон, постојат големи шанси Епл да ја најави новата генерација. Ако сте од фановите кои мора да ги имаат најновите и најдобрите производи, имајте на ум дека овој циклус ќе се повторува секоја година.

2. Квалитет

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Важно е да знаете нешто за имањето на најновата технологија. На производителите, дури и на оние што се големи како Епл, потребно им е време да ги решат проблемите, да го средат софтверот, како и хардверот. Но, репутацијата на Епл за квалитетен хардвер и софтвер обично е негативна. Ако имате ајфон кој е постар 1 или 2 генерации, најверојатно функционира одлично. Можеби не толку добро како кога бил нов, но ова не е причина да фрлите неколку стотици евра за нов телефон.

3. Разочарување

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Можеби сте чекале со денови да пристигне новиот ајфон. Сте го платиле, сте го вклучиле, сте се пофалиле на пријателите и потоа што? Најверојатно сте провериле Инстаграм или сте отвориле Фејсбук. Истото што сте го правеле и со стариот телефон. Да го имате најновиот модел можеби ќе ве радува за кратко, но речиси ништо нема да се промени.

4. Хранење на чудовиштето

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

„Чудовиштето“ во овој случај е Епл, најпрофитабилната корпорација во САД. Но во оваа трансакција спаѓа многу повеќе отколку цената на телефонот. Многу често на ризик е и финансиската стабилност на личноста која го купува телефонот. Многу луѓе живеат од плата за плата, па овде доаѓа до судир помеѓу желбата за новата технологија и способноста да се плати за неа.

5. Кој ве гледа на вашиот ајфон?

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Со ајфон Х, од Епл го најавија софтверот за препознавање лице кој наводно е подобра заштита од отпечаток од прст или внесување лозинка. Веројатно овој систем на заштита е бранот на иднината. Но, хакерите успешно „влегуваат“ во облакот на Епл и имаат пристап до фотографии и други информации. Па што ќе се случи кога ќе имаат пристап до вашето лице?

Мат Шулц, аналитичар за CreditCards.com изјавил:

„Ова е ризичен потег за Епл. Овој дебакл ја стави безбедноста во главата на луѓето. Ако се покаже дека софтверот за препознавање на Епл има грешки, луѓето нема да го купуваат ако сметаат дека не е безбеден.“

6. Ајфонот не е навистина иновативен

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Кога од Епл го најавија ајфон Х, покажаа телефон со голем екран. OLED екранот е нешто ново за Епл, но не и во светот на мобилните телефони. Самсунг галакси 6S Edge од 2015-та година има OLED екран кој се протега до самиот раб на направата. Овој тренд продолжи и за S7, S7 Edge како и S8 и S8 Edge. Па, на некој начин Самсунг, кој ги произведува OLED екраните за најновите ајфони е понапред од Епл кога станува збор за технологија кај телефони.

7. Колку долго ќе постојат Епл и ајфонот?

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Успехот на ајфонот и новите верзии го направија најважниот производ на Епл. Некои финансиски анализи сметаат дека две третини од приходот на Епл доаѓа од ајфонот. Ова значи дека доволно е само една грешка за да се загрози иднината на компанијата.

8. Подготвување за незамисливото

Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

Наводно Епл се справува со намалена побарувачка на ајфони. Иако постојат големи шанси ајфонот да не исчезне целосно, неговото присуство со сигурност ќе се намали. Посветените фанови секогаш ќе бидат дел од пазарот, но ако нема иновација, потрошувачите ќе се изморат од следењето на трендовите на Епл и може да одберат производи од други компании. Многу корисници веќе се откажале од ајфонот. Нормално, корисниците кои не купуваат бренд ќе пробаат и некои андроид телефони. Но што ќе се случи ако се одлучат да не се вратат на ајфон?

Доколку имате ајфон, погледнете неколку корисни опции кои сигурно не сте знаеле дека постојат на него.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар