20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенција

20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенција

Поголемиот дел од слободното време го поминуваме на социјалните мрежи каде што комуницираме со пријателите или објавуваме фотографии на Инстаграм. Но, можете да го искористите Интернетот и за нешто покорисно. Вреди да ги погледнете следниве 20 веб-сајтови, бидејќи тие ќе можат да го зголемат вашиот коефициент на интелигенција. Збогатете си го животот со нови знаења и почнете да учите уште веднаш…

20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенција

1. Free Rice е веб-сајт што донира зрна ориз доколку точно одговорите неколку прашања со повеќе можни одговори. Сајтот изобилува со разновидни теми и го тестира вашето знаење од областа на општествените и природните науки. За секој точен одговор Free Rice дава 10 зрна ориз. Можете да играте во група или сами.

2. Coursera е едукативна платформа што нуди онлајн курсеви од најдобрите универзитети и организации во светот.

3. Udemy е пазар на знаење. Повеќе од 10 милиони студенти го користат денес и нуди повеќе од 40.000 курсеви.

4. Lumosity е веб-сајт што може да го зголеми вашиот интелектуален капацитет. Изгледа едноставно, но Lumosity создава индивидуални „вежби“ за секој човек. Вреди да потрошите малку време на него!

5. Memorado е бесплатна апликација за смартфони што се вика „Brain Training Games“ („Игри за тренирање на мозокот“). Таа е составена од многу нивоа. Има вкупно 600 нивоа, а секое од нив е претставено преку различни загатки.

6. Duolingo е бесплатна платформа за учење јазици. Корисниците учат нови работи, се здобиваат со знаење и потоа можат да помогнат со тоа што ќе преведуваат веб-сајтови, статии и други документи.

7. Brainexer е веб-сајт со голем број тестови и вежби за подобрување на меморијата, вештините за броење, концентрацијата и интелигенцијата.

8. Memrise е уникатна онлајн платформа што ги користи најновите техники за вежбање на меморијата, со цел да им помогне на луѓето полесно и побрзо да помнат разни информации.

9. Project Gutenberg е електронска библиотека што содржи разни дела од светската литература.

10. Curious е веб-сајт направен за студенти, наставници и талентирани луѓе од целиот свет кои сакаат да го споделат своето знаење и вештини, па дури и да бидат наградени за нивниот труд.

11. Open Culture е веб-сајт со едукативна и културна содржина што лесно можете да ја добиете и користите бесплатно.

12. CogniFit Brain Fitness е апликација каде што невронауката и гејмањето се споени за да создадат вежби за сивата маса. Според создавачите на апликацијата, ако ја користите апликацијата најмалку 20 минути 2-3 пати неделно, ќе можете да ги подобрите вашите когнитивни вештини.

13. Fit Brains Trainer е апликација за учење јазици. Потребно е да потрошите само неколку минути на оваа апликација за да го ја подобрите мозочната функција.

14. TED-ED е веб-сајт за наставници и ученици што содржи интересни едукативни видеа, пократки од 10 минути.

15. Zooniverse е онлајн платформа што ви овозможува да учествувате во повеќефункционални научни проекти.

16. How Stuff Works е лесно разбирлив веб-сајт што изобилува со најразлични теми и објаснува како функционираат работите. Тој ги претвора комплицираните теми во разбирливи статии.

17. Unplug the TV е веб-сајт што нуди голем број забавни и едукативни видеа. Едноставен е за користење, бидејќи можете лесно да преминувате од едно на друго видео или да пребарувате во архивираните податоци.

18. This American Life е радио емисија во која се дискутира на различни теми и обични луѓе ги споделуваат нивните лични приказни и мислења. Може да ја слушате преку подкаст или мобилна апликација.

19. EIDETIC е апликација за луѓе чија меморија не е толку стабилна. Повторувачкиот метод на апликацијата ќе ви помогне да си ја подобрите меморијата.

20. Answerbag.com е веб-сајт за љубопитните корисници кои не можат да се сетат како функционира аеродинамичката сила или ги интересира кој бил најдобриот кошаркар во 1980-тата година. Answerbag е многу едноставен веб-сајт што сигурно ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот одговор.

Зошто да не ги погледнете и следниве 10 веб-сајтови кои можат многу да ви користат?!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар