Музиката на Maria Zouroudis

Марија Зурудис (Maria Zouroudis) e пејачка, текстописец и продуцент со грчко-американско потекло, која им дава нова, најчесто акустична димензија на познатите светски музички хитови. Почна да станува популарна уште во 2007 година, кога започна да ги промовира своите видео настапи на веб, преку Јутјуб и Мајспејс.

Музиката на Maria Zouroudis

Она што таа го прави е некоја магична комбинација на едноставното и популарното, од што произлегуваат песни кои звучат и се доживуваат сосема поинаку и едноставно не здосадуваат во нејзина интерпретација. Таа избира песни кои се актуелни во моментот и кои ù се допаѓаат доволно за да сака да ги отпее. Има препеано песни од Ke$ha, Alicia Keys, Katy Perry, Maroon 5, Kanye West и други.


Видео снимките од ваквите настапи ги поставува на веб, на нејзините профили на социјалните мрежи, а во подготовка е и нејзиниот официјален веб-сајт каде веќе можат да се преслушаат неколку ремек дела.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Victor Reply

    Marija Zouroudis e edna od najdobriite pejackite vo Vebot ima prekrasen glas. Se nadevam da bide mnogu poznata nekogas.!! I poveke vo Grcija i Balkanot.!! :)

Остави коментар