Дали ова е најголемата скулптура во светот?

Големиот Буда во Лешан е џиновска скулптура запишана од УНЕСКО на својата листа на светско наследство во Азија и Океанија во 1996 година. Направена е помеѓу 713 и 803 година за време на владеењето на династијата Танг, а илјадници работници учествуваа во процесот.

Дали ова е најголемата скулптура во светот?

Ова чудо е врежано во карпа на планината Емеи во близина на градот Лешан во кинеската провинција Сечуан. Со висина од 71 метар, се смета за најголема предмодерна скулптура во светот. Рамената на Буда се широки околу 24 метри, секое уво е околу седум метри, а горниот дел од стапалото е околу 9 метри, што е доволно за да собере 100 луѓе.

Поради обилните дождови и силниот ветер во областа, скулптурата претрпела огромни штети низ вековите. Кинеската влада одлучила да ја реновира во 1963 година и оттогаш стана голема туристичка атракција за многу посетители во тој дел од најнаселената земја во светот.

Во Кина се организираат туристички тури со бродови, а искусни експерти велат дека Големиот Буда најдобро се гледа во пролет или есен, бидејќи во летото во оваа област има голема количина на врнежи.

Дали ова е најголемата скулптура во светот?

Дали ова е најголемата скулптура во светот?

Дали ова е најголемата скулптура во светот?

Прочитајте и кои се 5-те опасни чуда на природата што секој треба да ги посети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар