„Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!

„Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!

Помалку од дваесет километри јужно од градот Луојанг, во кинеската провинција Хенан, се наоѓа неверојатен комплекс од пештерски храмови Лонгмен што во буквален превод значи „змејска порта“.

„Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!

Биле потребни околу 400 години за комплексот во должина од два километри карпи да ги добие контурите што ги гледаме денес, на бреговите на реката Луо, во источниот дел на централна Кина.

Изградбата на 2.300 варовнички пештери со приближно 110.000 вешто изработени камени скулптури, 2.500 стели со натписи и околу 60 пагоди започнала за време на династијата Северна Веи, која владеела во IV и V век.

Најголемата статуа е повисока од 20 метри, а најмалата е само 2,5 сантиметри. Имено, токму ова место се смета за лулка на будизмот во Кина. Наводно, тука живеела голема будистичка заедница со одредени правила, кои со текот на времето почнале да се шират во остатокот од земјата.

Во подоцнежната фаза од изградбата на овој фасцинантен комплекс, Бодисатвите биле накитени со скапоцен накит, круни и ѓердани нарачани од богатите. Во една од пештерите пронајдени се и 140 упатства за лекување на разни болести и тегоби.

Пештерите, статуите и натписите се совршено сочувани и убаво се вклопуваат во пејзажот што го опкружува комплексот. Тие се дел и од светското наследство на УНЕСКО.

Откако прочитавте за змејската порта, можеби ќе сакате да прочитате и за овие прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар