Направени пред две илјади години: Прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането

Направени пред две илјади години: Прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането

Понца е остров лоциран точно на половина пат помеѓу Рим и Неапол, а може да се пофали со неверојатните пештери. Тие се сметаат за одличен пример за античка римска фарма за риби! Пештерите биле закопани во вулканската карпа на островот околу 1 век н.е., и се состоеле од пет сливови меѓусебно поврзани со подводни премини. Тие биле користени за промена на водата, но и за преместување на рибите од еден во друг базен.

Ова е една од најважните навики на успешните деловни луѓе

Исто така, треба да се каже дека пештерите се наоѓаат на посебно место. Над нив е царската вила, која некогаш му припаѓала на императорот Август, па може да се заклучи дека тие биле дизајнирани специјално за уживање на императорот и неговите гости во свежа риба.

Пред околу дваесетина години, археолозите овде пронајдоа мермерна статуа и неколку свеќи со масло, а се верува дека уште некои статуи може да бидат скриени во ѕидовите. Сето ова јасно покажува како биле користени пештерите за разни прослави и ритуали. Овие пештери го добиле името Пилат по Понтиј Пилат, кој според легендата, потекнувал од овој остров, или барем неговата кариера започнала овде. Историчарите не се баш сигурни во тоа, но кому му е гајле, легендите секогаш привлекуваат туристи.

Направени пред две илјади години: Прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането

Прочитајте и зошто овој мал град во Австралија стана туристичка атракција на Инстаграм?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар