Филм: Турбо (Turbo)

Автор: Сања Стојковска

Брзината на полжавите е потценета

Филм: Турбо (Turbo)Режија: Дејвид Сорен

Сценарио: Дарен Лемке, Роберт Д. Сигел, Дејвид Сорен

Улоги (гласови): Рајан Рејнолдс, Пол Џијамати, Маја Рудолф

Времетраење: 96 минути

Премиера: 24 jуни, 2013

Жанр: анимација, авантура, комедија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (18 гласа, просек: 8.67 од 10)

Loading...Loading...

Новиот филм на „Дримворкс“ – „Турбо“, дефинитивно го побива изразот за спор човек – се движи со брзината на полжав. Имено, станува збор за еден поинаков вид полжав што се движи со неверојатна брзина, па оттаму и неговото име Турбо, што е синоним за брзина. Гласот зад ликот на Тео односно Турбо го позајмува Рајан Рејнолдс. Тео е опседнат со желбата да се движи побрзо и не сака да се откаже од постигнувањето на таа цел само затоа што е општопознато дека полжавите се многу спори и не е можно да се движат побрзо.

Поточно, Турбо сонува да биде брз возач исто како неговиот идол – познат петкратен шампион на Индијанополис 500. Неговата опсесија за добивање поголема брзина од вродената, му прави големи проблеми во околината и подложен е на големо посрамотување пред својот брат Чет.  Восхитувајќи се на брзината на автомобилите, ненадејно ќе се вклучи во инцидент и ќе биде вовлечен во компресорот на еден возач при што во неговата крв ќе биде вбризгана состојка која ќе му внесе неверојатна брзина.Филм: Турбо (Turbo)Од овој момент започнуваат сите лудории и ситуации во кои Турбо ќе биде центар на внимание. Наредниот ден, кога Турбо се буди, ги забележува своите нови моќи – очите му светат како фарови, куќарката свети црвено, целиот испушта звуци како вистински автомобил и од него свири радио. За жал, првиот обид на Турбо да ги демонстрира своите способности завршува неуспешно, при што, заедно со Чет се отпуштени од градинарската дружина.

Додека браќата се караат, Чет е грабнат од птица, но набрзо е спасен од брзиот Тео, а потоа двајцата се киднапирани од Тито, возач на камион за тако-сендвичарница, кој ги носи на трка со други полжави. Турбо ги воодушевува сите со својата брзина, и луѓето и полжавите, и веднаш ја добива нивната почит. Инспириран од овој неверојатен полжав, Тито копнее по заживување на продавницата со Тео како атракција и со помош на другите полжави кои би помогнале во организирање на некоја автобуска тура. Па така, Турбо го убедува Тито да издејствува да го вметнат во трката Индијанополис 500 и да се трка рамноправно со автомобилите. Што се случува понатаму, останува да го погледнете филмот и да дознаете.Филм: Турбо (Turbo)„Турбо“ изобилува со авантуристичка тематика поттикната од еден фантазерски дух исполнет со многу бои, што за децата, но и за возрасните го прави многу интересен. Иако е анимиран филм, ликовите што ги претставуваат карактерите се совршен облик на многу човекови гримаси, особини и движења.

Музиката во филмот е забавна и од познати музички имиња од светската музичка сцена, така што во ниту еден момент нема да ви биде здодевно гледајќи го филмот. 3Д техниката само го надополнува ефектот на живост, а комичните елементи нема да ве остават воздржани. Топла препорака за опуштени час и половина и поинаков одмор од реалноста.Филм: Турбо (Turbo)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар