Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)

Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)

Трет дел за заокружување на серијалот

Филм: Мамурлак 3 (Hangover III) Режија: Тод Филипс

Улоги: Бредли Купер, Зак Галифијанакис, Ед Хелмс, Кен Џионг

Времетраење: 100 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 мај 2013

Жанр: комедија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (22 гласа, просек: 8,82 од 10)
Loading...

Фановите на една од најдобрите комедии од последните неколку години очекуваа и трет дел од мамурливите авантури на Глутницата и го добија. Но, овој пат со помала доза мамурлак, затоа што членовите на Глутницата не му даваат шанса на Алан (Зак Галифијанакис) да ги издрогира и да ги однесе на патот кон авантура исполнета со погрешни одлуки и бројни опасности.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)Впрочем, тој веќе не се дружи со Фил, Стју и Даг. Во меѓувреме неговата психичка состојба се влошува, а тие се единствените кои можат да го убедат да прифати професионална помош. Алан се согласува, но на патот кон болницата сите заедно се киднапирани од Маршал (Џон Гудман), мафијаш кому Чау му должи многу пари и кој знае дека Алан е единствениот кој повремено контактирал со него. Затоа ќе го задржи Даг, а останатите ќе ги пушти за да го најдат Чау, кој пред некое време побегнал од затвор.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)Нова средба со Алан – нова опасна авантура во која пријателите влегуваат против своја волја. Но за жал, не толку смешна како претходните две. Авторите на филмот очигледно не сакале да се повторуваат со истата финта со мамурлакот, па се обиделе да бидат различни и непредвидливи, во што и успеале, но притоа направиле разлика и во дозата хумор. Филмот изгледа како да е создаден чисто да ја задоволи потребата од трет дел и заокружување на серијалот, без да се води многу грижа за тоа колку ќе им биде смешен на оние што го очекуваат.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)Третиот дел на „Мамурлак“ сепак е интересен, настаните кои се редат еден по друг честопати го изненадуваат гледачот, но нема изобилство од смешни ситуации како во претходните два дела. Хуморот се потпира главно на карактеристиките на веќе добро изградените ликови, така што веројатно ќе ве разочара ако очекувате уренебесна комедија. Ние ви го препорачуваме затоа што спаѓа во групата пристојни комедии, кои можат да го забавуваат гледачот во моментите кога сака да се опушти со лесен филм.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. bojan Reply

    Prilicno glup film

  2. Viksa Reply

    ne beshe smeshen i4 zna4i

Остави коментар