Винтиџ кутии за прстени претворени во детално изработени диорами

Со неочекувана, но ефективна комбинација од несекојдневни материјали, Талвист, артист од Торонто, создал серија минијатурни диорами во внатрешноста на антички кутии за прстени со цел да создаде широк спектар на сцени од различни периоди.

(1) Винтиџ кутии за прстени претворени во детално изработени диорами

Според артистот, идејата настанала од уличен трговец кој му подал античка кутија за прстени и му рекол Сакам да видам што можеш да направиш од ова“. Како одговор, Талвист создал сцена во која една фигура излегува од морето и оттогаш наваму не престанал да ги дизајнира овие мали и прекрасни сцени.

„Мојата цел е кога ќе ја отворите кутијата, да се чувствувате дека сте биле транспортирани во друг свет“, вели тој за неговата работа.

(2) Винтиџ кутии за прстени претворени во детално изработени диорами

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар