Редок небесен феномен кој се формира само на ниски температури

Престојувањето во ладни области можеби не звучи како идеалната ситуација во која би можеле да се најдете, но токму поради ниските температури кои таму владеат можат да се формираат неверојатни атмосферски феномени на небото кои со себе носат непроценливо прекрасни погледи.

Редок небесен феномен кој се формира само на ниски температури

Кога термометарот покажува бројки кои се блиску до точката на замрзнување, во воздухот се формираат рамни, хексагонални кристали од мраз. Во оној момент кога ќе се создадат доволно вакви кристали од мраз, тие можат да рефлектираат силни извори на светлина (како сонцето или уличните ламби) и последователно да формираат светлосни столбови на небото.

Во текот на денот, светлосните столбови можат да се појават кога сонцето заоѓа и тогаш се нарекуваат сончеви столбови. Навечер, овој феномен изгледа уште поинтересно и помагично, што би ги објаснило многуте пријави за НЛО од луѓето. Но, иако изгледаат малку чудно, светлосните столбови се всушност една многу ретка појава и совршено ја покажуваат убавината на нашата атмосфера. Погледнете.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар