Погледнете го изненадувањето на еден татко за својата ќерка кое милион луѓе ги остави без зборови!

Секое девојче посакува да има вистинска бајка во својата соба, па кандидатот за најдобар татко за 2016-тата година и корисник на социјалната мрежа Редит, под корисничкото име „radamshome“, решил да ѝ ја исполни оваа желба на својата малечка ќеркичка Лиз. Роб поминал преку 350 часа во текот на 18 месеци за да го изгради овој магичен проект кој го чинел 4.250 американски долари, а за да го направи дрвото структурно стабилно, тој започнал да зема и приватни часови за заварување.

Погледнете го изненадувањето од татко за својата ќерка кое милион луѓе ги остави без зборови!

Бетонот на дрвото е толку силен што може да издржи дури тројца возрасни. Роб е артист во индустријата за видео игри и заработува со тоа што гради виртуелни светови, а неговиот најголем страв е моментот кога неговата Лиз ќе наполни 13 години и ќе посака да го извади дрвото од својата соба.

„Јас сум професионален дизајнер на видео игри и така и заработувам. Иако знаев дека можам да ја создадам и остварам мојата естетска идеја, не бев спремен за физичкиот напор кој ме очекуваше. За собата нормално ме инспирираше Дизни“, вели Роб на „Имгур“, каде и ги објавил фотографиите од целокупниот финален производ.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар