Кога секојдневните предмети ќе оживеат…

Социјалната мрежа Инстаграм продолжува да го отвора патот кон популарноста на иновативните артисти, како што е графичкиот дизајнер Хавиер Перез, кој редовно додава фотографии во неговата разиграна фотосерија наречена „Instagram Experiments“ (Инстаграм експерименти). Служејќи се со разни секојдневни предмети, во комбинација со едноставни цртежи, еквадорскиот артист, конструира необични сцени во разни облици и големини.

Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат...

Од креативен дожд од шпагети до Ајфелова кула изградена од виљушки, Перез пронаоѓа начин да внесе живот во разни статични предмети. Неговата имагинација води кон создавање многу креативни суштества, кои настануваат од неколку линии со пенкало и разни предмети од домаќинството, храна и цвеќиња, формирајќи жива и експресивна уметност. Со оваа весела колекција, која со сигурност ќе нацрта насмевка на вашето лице, артистот нè потсетува дека во секој од нас сè уште се крие внатрешното дете, кое сака да си игра и да се забавува.

Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат... Кога секојдневните предмети ќе оживеат...

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар