Совети за одгледување герании

Совети за одгледување герании

Гераниите се цвеќиња кои цветаат во текот на целата сезона и се достапни во различни бои. Тие се издржливи и лесни за нега.

Совети за одгледување герании

Станува збор за цвеќиња со повеќегодишен животен циклус, но често се одгледуваат како едногодишни. По потекло се од Јужна Африка, но денес се одгледуваат низ целиот свет, па и кај нас.

Тие се идеални за одгледување во саксии на тераса или балкон бидејќи се отпорни на суша и топлина, а имаат и украсни цветови во разни бои. Најдобро време за засадување герании е пролетта, кога ќе помине опасноста од мраз.

Растенијата треба редовно да се наводнуваат, но внимавајте да не ги наводнувате прекумерно, бидејќи тоа може да предизвика гниење на коренот. Важно е и редовно да се отстрануваат сувите лисја и цветови за растенијата да останат здрави и да изгледаат убаво.

Откако ги прочитавте нашите совети за одгледување герании, можеби ќе сакате да ги прочитате и советите за одгледување петунија – идеално пролетно цвеќе за вашата тераса.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар