Бесмислено е да се жртвувате за некој кој не би направил ништо за вас!

Бесмислено е да се жртвувате за некој кој не би направил ништо за вас!

Животот сам по себе е контрадикторен во многу ситуации. Чудно е како постојат луѓе кои нè привлекуваат иако нè повредуваат, луѓе на кои одново и одново се навраќаме иако сме добиле многу удари од нив.

Бесмислено е да се жртвувате за некој кој не би направил ништо за вас!

Понекогаш нашата врска е условена од брачни, семејни или деловни улоги кои нè врзуваат на одреден временски период.

Но, ситуацијата станува чудна кога ќе почнат да нè привлекуваат луѓе кои нè повредиле, а со кои немаме формални врски, како да има нешто во нас што е длабоко поврзано со нив.

Мислите што често се јавуваат при таквиот вид на привлечност се оние од типот „можеби овој пат ќе биде сосема поинаку”, „тој/таа навистина не е таков/а” или „мојата љубов ќе го/ја смени“ кои претставуваат еден вид самоизмама.

Што се однесува до личноста која еднаш ве повредила, голема е веројатноста да го повтори тоа.

Чудно е колку луѓе се убедуваат себеси и другите дека научиле нешто од нивните грешки и удари, а потоа ги повторуваат уште многу пати.
Сето ова значи дека не можете да стоите во место и да не правите ништо. Затоа, признајте си дека овој пат нема да биде поинаков и прифатете го фактот дека не можете да промените никого.
Бидете свесни дека секој од нас поставува различен редослед на приоритети како личност.

Без разлика на фактот дека личноста е на врвот на вашата листа на приоритети, тоа не мора да значи дека и вие сте на врвот на нејзините приоритети.

Згора на тоа, емоционалната повреда е многу посложена од физичката, може да трае, може да се повторува бесконечно без да сфатите дека ви треба заштита и на крајот да стане причина за појава на многу болести во вашето тело и ум.

Нема смисла да се жртвувате за личност која не би направила ништо за вас. Бидете свесни за вашата вредност и не дозволувајте никој да ја доведе во прашање!

Откако прочитавте зошто е бесмислено да се жртвувате за оние кои не направиле ништо за вас, можеби ќе сакате да прочитате и кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар